Сомалија ќе печати пари првпат после 32 години

Централната банка на Сомалија порача дека прв приоритет ѝ е да отпечати нови банкноти од националната валута. Последен пат во државата тоа се направило во дaлечната 1991 година. Како луѓето плаќале во меѓувреме? Со фалц пари.

Во 2017 година, Меѓународниот монетарен фонд процени дека 97% од сомалиските шилинзи кои се во оптек во земјата се фалсификат.

Сомалија престана да печати пари во 91-ва, после колапсот на тогашната влада по што земјата влезе во крвава граѓанска војна. Повеќето банкноти кои биле во оптек во меѓувреме исчезнале или пак толку се офуцале што се непрепознатливи.

Плаќањата се префрлиле во долари и фалсификувани сомалиски шилинзи, често печатени и дистрибуирани од локалните богови на војната во сепаратистичките региони.

„Додека не го вратиме и зацврстиме нашиот национален шилинг, не може да имаме ефикасна монетарна и фискална политика“, изјави гувернерот Абдирахман Абдулахи.

Арно им текна.

6 април 2023 - 11:24