Најбогатиот човек на светот во 2022

Форбс за прв пат во своето рангирање го прогласи Илон Маск за најбогат човек на планетата со богатство проценето на 219 милијарди долари. Разликата меѓу Маск и второпласираниот е речиси 50 милијарди долари.

Листата на Форбс доаѓа со траорни вести, дека војната, пандемијата и слабите пазари удриле на милијардерите, па годинава има само 2.668 од нив, или 87 помалку од минатата година.  И тука не завршуваат маките за нив, бидејќи вкупна вредност им е за 400 милијарди помала отколку во 2021 и изнесува 12.700 милијарди долари.

Најдраматичен пад на бројот на милијардери има во Русија и Кина. Заради војната со Украина годинава Русија има 34 милијардери помалку отколку претходната година; додека владините мерки за зауздување на технолошкиот сектор го намалија списокот на кинески милијардери за 87 имиња.

Има и 236 лица кои годинава премиерно се милијардери, вклучително поединци од Бугарија (Ѓорѓи и Кирил Домусчиев, и двајцата со по 2 милијарди долари), Барбадос, Естонија и Уругвај.

САД и понатаму имаат најмногу милијардери на светот (735), а Кина се уште го држи второто место со 607 милијардери.

Првопласиран за годинава е 50-годишниот Маск, роден во Јужна Африка, по што на 17 години со семејството се сели во Канада, за на крај да заврши во САД како „студент на размена“ во Универзитетот Пенсилванија.

Првите сериозни пари Маск ги заработува од продажбата на Пејпал. Потоа се префрла на електрични автомобили, ракети, копање тунели и слично.

Пред 10 години, во 2013 неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари. Рангирањето на Форбс, според цените на берзата од 11 март 2022, го проценува на 219 милијарди долари.

Остатокот од топ 10 на списокот се:

2. Џеф Безос - 171 милијарда долари.
3. Бернар Арно - 158 милијарди долари.
4. Бил Гејтс - 129 милијарди долари.
5. Ворен Бафет - 118 милијарди долари.
6. Лари Пејџ - 111 милијарди долари.
7. Сергеј Брин - 107 милијарди долари.
8. Лари Елисон - 106 милијарди долари.
9. Стив Балмер - 91,4 милијарди долари.
10 Мукеш Амбани - 90,7 милијарди долари.

7 април 2022 - 09:25