Кој фрли најмногу пари на Супер Боул реклами

На 4,5 милиони долари за реклама од 30 секунди, редно е и малку подетално да знаеш како ти минало видеото кај публиката. Ембед.ли пресметува колку пари платиле брендовите и колку минутажа собрале за тоа.

Ембед.ли прави математика во која следи рекламата колку пати е изгледана и секој пат до каде ја гледале, по ова собира вкупно изгледани минути и ги дели со парите што брендот ги платил.

По оваа математика, Супер Боул бил најевтин за Clash of Clans чија реклама на ЈуТјуб собрала над 25 милиони минути гледање, со што цената им изнесува 0,36 долари по минута. Бадвајзер годинава собрал 20,6 милиони минути, за што излегува дека платиле 0,44 долари по минута.

Финалето најскапо излегло за Вејт Вочерс, платија 9 милиони долари а добија само 72.955 минути, што е 123,36 долари за минута, а најмалку изгледани минути имаат Скечерс, 18.349, што ги чини 122,6 долари.

повеќе бројки тука

10 февруари 2015 - 11:59