Богати, славни и МВР

Пичат дебели казни (за еден ден казниле 73 пешаци во Скопје, браос!), пичат уште подебели кампањи (најбоља е онаа да плаќаме патарина пошто еве досега не плаќавме него со кола ја рипавме рампата), министерката кара рандом луѓе пред камери (што има бре Гордана да кара некого, она е министерка, не е службено лице кое регулира сообраќај). Решило меверето да го зачисти хаосот (дур не им пројде меракот на главните) па тоа ти е. Едно питањце до нив:

Ова се тие авторитети кои денес казнуваат по улици или пак сите овие случаи поштено сте ги процесирале веднаш штом сте ги виделе во нашата рубрика "Богати и славни'?

Домашна работа за "строгите но праведни' фактори за регулирање пристоен градски живот:

- Ќе почнете да го средувате вечерниот сообраќаен и аудио хаос пред вашите омилени кафани на улица Народен фронт (Капиштец) или треба да ви снимиме видео како тоа изгледа?

8 октомври 2014 - 10:37