Кога Вол Стрит ти е во втора куќа

Едно од главните правила на инвестициските банкари е да не кажуваш по која основа ги избираш инвестициите што ги правиш на берза. Посебно ако основата ти е - хороскоп.

Документите од истрага на Гурудео Персо, обвинет за правење пирамидална шема, покажале дека 90% од неговите одлуки се базирале на месечевите мени и гравитационата сила меѓу Земјата и Месечината, кои пак ги добивал од интернет страна за хороскоп.

"Главниот принцип на стратегијата на тргување на Персо била дека нивото на гравитација меѓу месечината и Земјата влијае на однесувањето на човековиот род, што за возврат пак влијае на берзата. На пример, тој верувал дека кога месечината е позиционирана да има поголемо влијание на луѓето, тие ќе се чувствуваат нерасположени и затоа е поверојатно да ги продаваат хартиите од вредност," стои во извештајот од истрагата.

Од некоја причина, веројатно избор на погрешен интернет сајт, инвестициите на Персо воопшто не му успевале. Кога се помирил со утката што ја направил, тој почнал да им ги враќа парите на првите инвеститори, "позајмувајќи" од парите на новите инвеститори.

Сепак човекот не направил преголема штета, изневерувајќи некаде околу 415.000 долари.

23 јуни 2012 - 18:40