И од плата се живее, ако си банкар

Во првите 3 месеца од 2013. Голдман Сакс одвоил 4,34 милијарди долари за плата на своите вработени. Компанијата има 32.000 вработени.

Сумата вклучува плати, бонуси и бенефиции, а поделено на 32.000 излегува дека во просек секој вработен земал 3-месечна плата во износ од 135.594 долари. Ова кога ќе се помножи со 4 годишни квартали, на крај излегува дека просечната годишна плата е над половина милион долари.

Треба да се има во предвид дека просекот е сериозно снижен заради платите на најниските ешалони: секретарки, службеници и останатиот помошен персонал, кои заработуваат многу помалку.

Првиот човек на Голдман, Лојд Бланкефин, се жали дека не може значително да ги намали платите бидејќи на тој начин би ги изгубил најдобрите вработени. Наместо ова, Бланкефин започна со намалување на бројот на вработени за да се снижи сумата која ја плаќаат за плати.

Инаку, за успехот на Голдман-Сакс во 2012-та самиот Бланкефин доби бонус во акции од 13,3 милиони долари, плус бонус во готовина и плата, со кои годината ја заврши со нешто повеќе од 20 милиони долари.

Надвор од сето ова треба да го знаете името Дејвид Тепер, првиот човек на хеџ фондот Апалуса Менаџмент. Неговата плата во 2012-та беше 2,2 милијарди долари.

5 јуни 2013 - 19:51