Германските проститутки се жалат дека веќе не се додржува без работа

Отворање на борделите во Германија кои беа затворени како мерка против ковид-19, беше барањето на протестот во црвената зона во Хамбург одржан од сексуалните работнички кои таму го вадат лебот.

Нивниот аргумент е дека продавници, ресторани и барови, веќе отворија низ земјата, додека борделите уште се држат под клуч и покрај тоа што проституцијата е легална во Германија.

Од Асоцијацијата на сексуални работнички, предупредуваат дека нивните членови неколку месеци се без приходи па дел од нив почнале да излегуваат на улица, што освен што е нелегално е и далеку поризично и нехигиенски.

За да се забрза отворањето на нивните „канцеларии“ тие препорачуваат употреба на мерки кои веќе се користат низ други индустрии, вклучително носење маски, вентилирање на собите и снимање на контактите на гостите.

„Кај проституцијата нема ништо поголем ризик од инфекција отколку од кој било друг сервис со блиски телесни контакти, како масажи, козметичари па дури и танцување или контакт спортови.

Хигиената секако е дел од овој бизнис,“ порачуваат од Асоцијацијата.

13 јули 2020 - 12:54