Ако штедите за пензија никогаш нема да доштедите

Дали три, дали сто, исто е

Луѓе што се занимаваат со туѓи пари пресметале дека на човек му се потребни минимум 3 милиони долари на страна за да може лагодно да се пензионира. Истите овие можеа да кажат дека треба и сто милиони и ќе беа идентично достижни како и трите.

МЛИВ пулс анкетира над 550 инвеститори од цел свет меѓу другото и за тоа колку пари се неопходни за лагодно пензионирање. Одговорот што го добиваат е меѓу 3 и 5 милиони долари. Од испитаниците една третина била за 3 милиони, а нешто помалку од третина за 5 милиони долари.

Најголем дел од анкетираните биле оптимисти дека 2023 ќе ја завршат со поголем пензиски фонд од 2022, во која имаше проблеми со инфлација и пад на цените на акциите и обврзниците.

Инвеститорите не биле сигурни дека на крај сепак ќе успеат да ја достигнат посакуваната сума, па нешто помалку од половина изјавиле дека пред пензија сигурно ќе бидат на 100% од планираното.

И покрај турбуленциите на берзата, околу 56% од анкетираните изјавиле дека не ги менуваат своите планови за пензионирање (и фондовите во кои имаат инвестирано), а 8% изјавиле дека никогаш не планираат да се пензионираат.

22 февруари 2023 - 11:42