Бега како Убер од данок

За да избегне што е можно повеќе данок на глобално ниво, Убер има отворено околу 50 шел компании во Холандија, кои му вршат милијарди долари работа.

Во 2019 Убер тврди дека има 4,5 милијарди долари глобални оперативни трошоци (без САД и Кина) чисто за даночни потреби. Во реалноста компанијата имала приходи од 5,8 милијарди долари.

2019 е годината кога Убер ја сели својата интелектуална сопственост од Бермудските острови во Холандија.

Преселбата на интелектуалната сопственост се прави преку „заем“ од 16 милијарди долари од една од подружниците од Сингапур, која пак поседува една од холандските шел компании на Убер, маневар кој на компанијата и овозможува 1 милијарда долари даночни олеснувања годишно, во следните 20 години.

„Ова е Лига на шампиони во избегнување на данок,“ изјавил главниот аналитичар на австралискиот ЦИЦТАР, Џејсон Ворд, кој ја спроведува истрагата.

Убер во Индија има платено помалку од една третина од задолжителниот данок на мултинационални компании од 6%.

Процената на американската администрација е дека заради избегнувањето данок владините низ светот губат по 427 милијарди долари годишно.    

18 мај 2021 - 12:20