Романски воз?

Василе Чепои, Василе Чепои и Василе Чепои се имињата на тројца сосема различни кандидати кои беа номинирани за сосема иста позиција, на сосема исто гласачко ливче на локалните избори во Романија.

Според локалните власти, тројцата Чепои не се во сродство, и станува збор за прилично често име во 19-милионската земјата.

Едниот од Чепои, инаку член на Социјал-демократската партија на поранешниот премиер, се кандидира за четврти мандат за градоначалник на селото Драгушени, на северот од Романија. Тука некаде се движи и објаснувањето на аналитичарите, според кои ова е обид на противничките партии да му одземат гласови на најсилниот кандидат.

Слична ситуација имаше и во друго село во истата област, само овој пат со двајца кандидати за градоначалник со име и презиме Василе Халиук, кои за разлика од Чепои, се во крвно сродство.

6 јуни 2016 - 09:02