Како Голдман Сакс ја научи Грција да го маскира долгот

Целата стратегија е да се најде начин да се заобиколат правилата за ограничување на дефицит од Мастришкиот договор, а дојавата од Голдман Сакс до Грците е дека цаката е договор за финансиски деривати, кој ќе им дозволи да соберат дополнителен кредит што ЕУ не може да го забележи.

По бројките на Еуростат, Грците постојано се занимаваат со "креативно сметководство" за да го адаптираат владиниот долг. Со договорот од Мастрихт се предвидени сериозни финансиски казни за членките на еврото чиј буџетски дефицит надминува 3% од БДП-то, и имаат владин долг над 60%.

"Грците никогаш не успеаа да се држат до границата од 60%, и тие го почитуваа максимумот од 3% дефицит само со помош на бесрамна корекција на финансиските извештаи. Во еден случај, огромните воени трошоци беа испуштени од извештајот, во друг беа заборавени милијарди во болнички долг. Откако повторно ги пресметаа бројките, експертите дојдоа до истите резултати: во реалност, дефицитот секоја година е многу поголем од границата од 3%. Во 2009-та, тој експлодираше на над 12%.

Сега, изгледа дека грчките жонглери со бројки биле далеку подрски отколку што претходно се мислеше. Според добро информирани инсајдери 'посебно околу 2002-ра, различни инвестициски банки нуделе комплексни финансиски производи со кои владите можеа да одложат дел од своите долгови за во иднина.'

Грците одговорни за менаџирање на долгот на почетокот од 2002-ра потпишаа огромен договор со вештите банкари од американската инвестициска банка Голдман Сакс. Договорот вклучуваше таканаречен валутен своп во кој владиниот долг во долари и јенови на одреден период беше префрлен во долг во евра, кој подоцна пак ќе биде вратен во оригиналната валута.

Ваквите трансакции се дел од нормално владино рефинансирање. Европските влади постојано добиваат фондови од инвеститорите низ светот со тоа што издаваат обврзници во јенови, долари и швајцарски франци. Меѓутоа ним им се потребни евра за да ги платат сметките. Години подоцна обврзниците се исплатени во оригиналната странска валута.

Меѓутоа во случајот со Грција американските банкари создадоа специјален вид на своп со измислени курсови на валутите. Ова им овозможи на Грците да соберат далеку поголема сума на пари отколку што беше пазарната вредност на еврото за 10 милијарди долари и јенови. На овој начин Голдман Сакс на Грците тајно им донесе дополнителен кредит од 1 милијарда долари.

Кредитот маскиран како своп не се покажа во статистиките за грчкиот долг. Правилата на Еуростат не ги опфаќаат детално трансакциите поврзани финансиски деривати...

... Во 2002-ра грчкиот дефицит изнесуваше 1,2% од БДП-то. Откако Еуростат направи ревизија на податоците во септември 2004-та, стапката порасна на 3,7. Според денешните бројки таа е 5,2%.

Во одредено време Грција ќе мора да плати за своите своп трансакции. Обврзниците доспеваат во период од 10 до 15 години. Голдман Сакс наплати обемна провизија за зделката и своповите и ги продаде на грчката банка во 2005-та," објаснува Шпигел во текст од 2010-та.

3 јули 2015 - 09:33