Пол Кругман

Како да ја преценив грчката влада

Во разговор со Фарид Закариа од СиЕнЕн, Кругман на грб на Грција ретерираше околу најголемиот дел од работите што ги пиша во Њујорк Тајмс: "не ни помислив дека тие се подготвени да се спротивстават без да имаат каков било бекап план... неверојатно - они мислеа дека едноставно само ќе бараат подобри услови без никаков бекап план... Па јас, како што гледате, веројатно ја преценив компетентноста на грчката влада."

За излегувањето на Грција од еврото: "Претпоставувам, ништо не може да биде сигурно - ама... или на крај ќе добијат масовно отпишување на долговите што не го добиваат или ќе мора да излезат. И претпоставувам, ставам пари на тоа дека ќе излезат на еден или на друг начин..."

За тоа дали грчката криза е готова: "Не. Стварно ништо се нема променето во нивната стратегија, кој се уште е кратење, кратење и штедење се до достигнување ликвидност, што не функционира, ниту пак некогаш функционирало, во ваква ситуација, ниту пак ќе функционира. Така да се што се случи е дека само паузиравме на момент, а и за тоа не сум сигурен."

За претпоставката дека Грција имала план како да излезе од еврото (освен тоа од воведот): "... во одредена смисла, безнадежно е во секој случај... не е дека условите што претходно им беа понудени без остварливи. Новите услови се уште полоши, ама и условите што претходно им ги дадоа пак немаше да функционираат..."

20 јули 2015 - 14:27