Грчкиот суд ја прогласи Златна зора за криминална организација

Судот во Атина пресуди дека нео-нацистичката партија Златна зора е виновна за управување со криминална организација која систематаски таргетирала мигранти и левичари.

Тројцата судии кои одлучуваа, ја прогласија партијата виновна за серија напади, вклучувајќи го и убиството на левичарскиот рапер Павлос Фисас.

Неколку дена по убиството на Фисас, грчката полиција го уапси целото раководство на партијата по што и започна истрагта против нив и криминалните актовности што ги спроведувале.

Постапката се водеше против 68 членови на партијата. Лидерот и 6 негови колеги се прогласени за виновни за раководење со криминална група. Човекот што го уби Фисас е прогалсен за виновен а 15 други се обвинети за соучестништво. Останатите се прогласени за виновни за приклучување кон криминална организација и други насилства.

Пресудата следува по судска постпка која трае пет години а се одвива во привремената судница поставена во затворот во близина на Атина.

Партијата од целосна анонимност стигна до трета по големина партија за време на грчката финансиска криза, и во 2012 влезе во парламетот со 12 пратеници, главно растејќи на експлозивната комбинација од мерки за штедење и наплив на мигранти. Денес Златна зора нема ниту еден пратеник.

7 октомври 2020 - 12:15