Таг: протести

Психологијата на успешните протести

Тазе студија на оваа тема сугерира дека поголем ефект имат мирните отколку насилните протести. Вториве ќе добијат поголем медиумски публицитет (бидејќи така функционираат медиумите), но истовремено ќе ја поткопаат својата главна цел: да придобијат што повеќе приврзеници.

Америка ќе почне да казнува мирни демонстрации

Додека милиони луѓе протестираа против новиот претседател, во осум американски држави републикански законодавци на големо буткаат закони со кои се криминализира правото на мирен протест. Како оправдание за рестрикциите се наведува сообраќајот, енергетската стабилност, опремата и слично.

Бунтот на размазените

Откако компанијата New Balance го поздрави доаѓањето на Трамп, сопственици на нивни патики почнале театрално да ги горат и по интернет да ги шират таквите револуционерни фотографии. Некои модели на New Balance чинат и преку 500 долари.

Фудбалерите на најомразениот германски клуб не можеа да влезат на стадион

Лајпциг годинава за прв стана Бундеслигаш, но со милионите кои ги има на располагање треба да смисли некоја стратегија како да им се наметне на другите екипи и да им докаже дека ќе биде фер играч. Бидејќи каде и да се појават, се соочуваат со протести. Никој не ги сака.

Верон: Лотито е лажго и ги оддалечува навивачите од Лацио

Еден од најдобрите играчи од златната генерација на Лацио кој го освои Скудетото во 2000 година му одговори на претседателот на клубот за обвинувањата.

Француски потег ала Иванов

Актуелните власти во Франција кои номинално се "социјалистички" досега повлекоа многу потези кои предизвикуваа гнев, особено кај оној дел од граѓаните кои би требало најмногу да ги штитат, работниците. Сепак, последниот потег би можел да го еруптира гневот и да ги сруши - спорниот закон околу кој со месеци се протестира, решија да го донесат со декрет.

Протест пред CNN заради неизбалансирано известување

Преку 1.000 симпатизери на Берни Сандерс се собраа пред канцелариите на CNN во Лос Ангелес за да го изразат својот револт против маргинализирањето на нивниот кандидат во програмата на телевизиската мрежа која ја нарекуваат Clinton News Netvwork. 

Грчки фудбалери седнаа на трева и молчеа две минути

Фудбалски натпревар во Грција почна поинаку од вообичаеното откако сите играчи се организираа и оддадоа импривизиран почит на бегалците кои ги загубија животите во обид да стигнат до грчките острови.

Ренесанса на студентскиот активизам

Иако протестите во кампусите на американските универзитети изгледаат како изолирани случаи, моменталната атмосфера во нив на многу 68-маши им изгледа како онаа во нивно време.

Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Како, макар и со задоцнување, пошироко да се промовира имиџот на професорите како реално трудољубиви, чесни и упатени, а да се нагласи аматеризмот и агресивното незнаење на оние кои сакаат да ги „зауздаат"? Aко не помагаат сложени таблици, формули, учени дискусии и отворени писма, можеби ќе помогне ова.

„Непослушни предмети": изложба на протестни реквизити

Рачно направени гас маски, штитови во вид на корици од книги, мали дронови - сите овие се предмети поврзани со протестни движења низ светот. Изложбата на која се претставени слободно можела да се вика и „Предмети на непослушните“.

Двете лица на Мундијалот

Триумфот на домаќинот над Хрватска не успеа да ги израдува сите Бразилци. Стартот на планетарниот спортски собир за демонстрантите не претставуваше никакво задоволсто, туку само гнев кои го изкажаа на десетина километри од стадионон Сао Паоло. Додека Нејмар и дружината прославува победа, на улиците играа пендреци врз луѓето кои повеќе се за борба против сиромаштијата отколку за фудбал.

Boj se ovna, boj se govna, a kada ću živjeti?

И у нама гори ватра Босно моја, ама ние... Нит стечајната маса некогаш поддржавме, нит за едно ебано право овде не се изборивме, нит на Европа среден прст за името покажавме нит бутур, ебати тоа народот и жениве што ни за право на абортус не знаеја на улица да излезат. Сите се набутале по дома и после оф.. Епа оф. За кого е, и малку е.

Политиката ги подели бразилските фудбалски легенди

Помеѓу Купот на конфедерациите и Светското првенство не стивнува револтот на Бразилците против огромните трошоци за организацијата на овие натпреварувања додека во земјата владее голема сиромаштија. На страната на демонстрантите застана Ромарио и Ривалдо, а на спротивната се Бебето, Роналдо и Пеле.

Состојба на постојана револуција

Од Турција до Бразил луѓето излезени на улици му пркосат на солзавецот и ја прескокаат државната цензура, додека државните медиуми станаа единствена публика сами за себе.

Петта жртва во Бразил додека ФИФА бира шампањ

И додека луѓето во Бразил се искочени на улица и протестираат за огромните трошоци на владата за организација на Светското првенство при што досега загинаа 5 демонстранти, ФИФА воопшто не се потресе и го избра официјалниот шампањ на Мундијалот.

Бразилците го замолчеа Пеле

Протестите во Бразил не престануваат веќе две недели, а анкетите покажуваат дека дури три четвртини од населението ги поддржуваат. Откако легендарниот Пеле порача да се заборават и да се мисли повеќе на фудбалот, му се нафрлија по социјалните мрежи.

Девојката која вели „НЕ“ за Мундијалот во Бразил

Бразил руши рекорди по бројот на демонстранти кои излегоа околу 200.000 да протестираат низ улиците против одржувањето на Светското првенство 2014 кое ќе повлече огромни трошоци. Деталите за тоа зошто не треба да има идната година фудбал во Бразил најдобро ги објаснуваа оваа девојка.

Браќа Турци, алал верба

Како и секоја револуциогена активност низ светот, и најновата турска драма која ја гледаме на нашите тв приемници нè инфицираше и не помина без синхронизација од наши актери. За некои, случувањата во Истанбул се нормална реакција на либералите на кои им дошло преку Босфор од политиката на Ердоган, за други Турците се најновите пикирани жртви од невидливата рака на илуминатите кои го отепаа Гадафи за нафта, а сега за донер ќебап се спремни да се пресметаат и со шефот на Турција. Вистината е некаде измеѓу, како и секогаш. Ама се чини дека е далеку од нас. Џенем...