Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Во денешнава хиперпродукција од серии, ретко може да се начека нешто што е добро цело време, сите сезони, и што нема да затупува со секоја наредна. А You беше добра и уникатна во прва сезона, не се расипа во втора и успеа да се надмине себеси во трета.
После Ајк, Тина и тоа како заслужи љубов: ја најде во Ервин Бах, успешен германски продуцент, со кој ѝ се сретнале патиштата во 1985, а се венчаа во 2013.
Во едно скорешно интервју, хрватскиот писател и сценарист Анте Томиќ ќе каже „Веќе триесет години ја нема земјата во која некогаш бевме заедно, но ние не се одалечивме. Иако националистите нè уверуваа дека сме различни, несродни и дека ќе ни биде подобро без другите јужнословенски народи, ние нешто многу не напредувавме.“ Ова важи и за луѓето што живеат на Фејсбук, и за хрватски Мис7, Андреа Андраси илустрира зошто.
Одлични се. Барем нема да ви снема муабет. Дури и за лексикон за возрасни со кој што може да ги измачувате колегите и вашите возрасни другари и другарки.
Често се случувало да си ја донесеме работата дома - само што за некои од нас, сѐ е дома во пандемијава. А толку многу начини да ни се одвлече вниманието имаме по дома, што некогаш станува невозможно.
Робин ДиАнџело е автор на извиканата книга „Бела фрагилност“ која - буквално расистички - сугерира дека белците треба да го признаат примордијалниот грев што се бели. Во ова интервју, таа открива дека сфатила дека е бела на свои 34 години и тоа шокантно сознание трајно ѝ го сменило животот. Се почувствувала толку гласно бела што ѝ било срам да излезе на улица зашто сите ќе забележале дека е бела. Накратко, Робин ДиАнџело, кретен.
Всушност, that girl трендот што се однесува на грижа за себе, се шлепа на girlboss естетиката и сѐ ова почнува од ТикТок, а се провлекува низ сите пукнатини на медиумскиот простор.
Лесно може човек да се затреска во некој од телевизор, па и да го поистоветува со некои негови прекрасни ликови, поезија, музика или слично. Сепак, постојат луѓе што стварно се сретнале со тие луѓе, и не, не се сите за идолизирање.
Меѓу мажите, како род необјасниво опседнат со цицки, има и такви што се фатиле за благородната професија - писател, па може ќе си речете, интелектуалци се, не е можно да се пореметуваат така лесно од овој тотално секојдневен дел од телото. И ќе се излажете дебело.
Замислете летен распуст во мало селце во јужна Франција каде што баш ништо не се случува. Единствен начин да ти помине времето е да голташ долчевита филмчиња, зачинети со несекојдневна романтика. Или, не мора баш таму да е. Замислете лето, во Скопје, ‘90-ти. Распуст, спарно и на телевизија почнува Only You.
Отсекогаш била на А-листа. Но, во новиот филм, Those Who Wish Me Dead, се рефлектира импулсот на Холивуд да ги отфрла женските акциони херои штом ќе стигнат до одредена возраст.