Мажи што треба да се избегнуваат во уметноста и во животот

Никол Терзињи спојува класична ликовна уметност со модерни коментари за да покаже колку знаат мажите да се прават паметни.

Серијалот се вика „Мажи што треба да се избегнуваат во уметноста и во животот“ и има цела книга.

„Ми беше смачено мажи постојано да ми ги објаснуваат моите шеги, па решив набрзинка да се пошегувам за тоа,“ изјавува Терзињи за Борд Панда. „Пребарав слики ‘жени опкружени со мажи’ и меѓу резултатите имаше преубава слика од жена што се држи за гола града и мажи околу неа. Преку нејзе напишав ‘може ако им извадам цицка ќе престанат да ми ги објаснуваат моите шеги.’ и за кратко тоа се претвори во нишка со слични класични слики и современи наслови и на луѓето им имаше смисла.“

Со тек на време, нишката станува вирална, и книжевната агентка Рејчел Сасман ја контактира Терзињи за да ја праша дали е заинтересирана тоа да прерасне во книга. И била. И првото издание се распродава за 48 часа.

Инаку, бара слики каде што има барем еден маж и барем една жена, и да им се гледаат лицата. И вели, „Би се изненадиле колку слики постојат каде што жените ги гледаат мажите бело.“

12 јули 2021 - 13:28