30 чудни прашања за прв дејт

Одлични се. Барем нема да ви снема муабет. Дури и за лексикон за возрасни со кој што може да ги измачувате колегите и вашите возрасни другари и другарки.

1. Во брак си?

2. Ќе погодиш каков мејл ми пиша денес еден пасив-агресив колега?

3. Ако платам за пијачките, може да ти се жалам дека цимерот пак ми го запуши тоалетот?

4. Ако некој ти ѕирне во Спотифај или Нетфликс, каков впечаток ќе добие за тебе?

5. Повеќе би сакал да си популарен на ТикТок или да добиеш Греми?

6. Кој е најдобар глуп виц што го знаеш?

7. Кој е првиот не-за-деца филм што си го гледал/а? Кој те однесе да го гледаш?

8. Кој збор погрешно го кажуваш цел живот?

9. Каква ти е најлошата слика во животот?

10. Како ти беше никот на мирц?

11. Кој е најлош моден тренд во основно во кој што си учествувал/а?

12. Што купуваш премногу, а никогаш не ти е доволно?

13. Кој е најглупиот интернет-поп психолошки совет што ти помогнал?

14. Да се биде инфлуенсер ти звучи како рај или пекол?

15. Кое е најдобро име на вифи што го имаш сретнато?

16. Ако животот ти е „очекување-реалност“ - меме, кои две слики би ги имало?

17. Ако си аматер-борач или суперхерој од чкљ листа, како би ти било името?

18. Која песна сакаш да ја пееш на караоке?

19. Која книга никогаш ја немаш прочитано, ама се преправаш дека си ја прочитал/а?

20. Да можеш да бираш, што би ти пишувало на регистрација?

21. Колку саати дневно поминуваш на социјални мрежи?

22. За што се срамиш, а не треба?

23. Каков тип на пазарувач во маркет си?

24. Кој е најглуп начин на кој се имаш повредено?

25. Нешто во што имаш верувано како дете, ама предолго?

26. Која е најглупата работа што ја имаш кажано како дете?

27. Што е најчудно кај тебе, што луѓето не би го погодиле од прва?

28. Колку долго чекаш за мочање кога гледаш нешто многу интересно?

29. Која е најгадната работа што ја имаш направено во врска со храна?

30. Дали некогаш сексуално те привлекувал лик од цртан?

10 септември 2021 - 13:10