„Ода на женствени тела“ од Карлота Гереро

Карлота Гереро од Барселона е талентирана, самоука фотографка што соработува со Најки, Живанши и Диор и со уметници.

Работи над една деценија, и сега има книга со наслов „Tengo un dragon dentro del corazón - Фотографии на Карлота Гереро“, прва ѝ е, како сведоштво на нејзината уметничка еволуција и „компилација од нејзините визуелни опсесии.“

Во нејзиниот уметнички универзум, прикажан низ страниците на новата книга, го истражува женското тело, кое и преовладува во сите нејзини дела. Мантрите ѝ се вртат околу одново преземање контрола над сопственото тело, откривање на концептот на сестринство, славење на разноликоста на жените и такви слични концепти.

Повеќе за неа и за книгата има кај нејзе на сајт.

 

22 јуни 2021 - 12:08