Сет Роген не сака да има деца - и таман му е

Веќе не му е непријатно да си каже гласно.

Со неговата сопруга Лорен се во брак речиси цела деценија, но одлучиле да немаат деца. Иако му било тешко да го признае тоа во минатото, вели дека е подготвен да биде отворен на таа тема.

„Луѓето ми викаат - а порано ми беше незгодно да им одговорам - ми викаа, ‘како можеш толку да работиш? Како се бавиш и со грнчарство, и пишуваш книга и снимаш толку филмови?’ Одговорот е - немам деца… Немам што друго да правам,“ рече Роген на Шоуто на Хауард Стерн.

Сет вели дека Лорен е со истото мислење и забележува дека таа дури и помалку сака од него и воопшто не дозволила ни да се убедуваат. Тој дури и би можел да се помири со таков исход доколку жена му би сакала, но не гледа како би се случило тоа.

„Едноставно вели ‘па, не.’ Што е супер. Многу се забавуваме. Не познавам други луѓе што нивните деца толку многу ги усреќуваат колку што нас нѐ усреќува тоа што немаме деца,“ објаснува Роген.

И додава,

„Цело време ни е јако. Лежиме во кревет во сабота наутро, пушиме трева, гледаме филмови голи - ако имавме деца, немаше да можеме ова да го правиме. Ничие дете не му пружа толку радост на родителот колку што ние се радуваме во моментов затоа што сме без деца.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Seth (@sethrogen)

Освен тоа, смета дека веќе сме доволно луѓе на планетата.

Доволно деца има на светов. Уште луѓе ни требаат? Кој може да ја погледне планетава во моментов и да помисли, знаеш што - дај уште луѓе. Тоа ми е неверојатно.“

Има искуство со пријатели што му раскажале дека браковите им трпеле поради бебиња и деца. Но, вели,

„Не велам дека не би го надминале тоа, но сепак, многу си одговараме и имаме многу добра динамика. Таа многу работи, и кога сме заедно, навистина се обидуваме да уживаме еден во друг и да се дружиме.“

Во оригинал:

18 мај 2021 - 01:09