(Коко) Шанел повторно на тапет

Благ куршлуз помешан со кансел култура го фрли Шанел на колена.

Пред некое време, еден соработник на Шанел, Мишел Гобер објави видео со маски со коси очи, божем „Видете како сме азијати“, што се разбира денес не поминува ни како мајтап, па за кратко се појавија навредени да бараат Шанел да го пушти низ вода. Од Шанел кажаа дека еден инцидент не е причина да се растури соработка и дека му простуваат, на што diet_prada зајадливо праша, „А Кејт Мос од еден инцидент ја избркавте, а?“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Приказната зад ова е дека Кејт Мос и Шанел и Бурбери ја откачија заради јавната зависност од кокаин, но тука не запира хајката. Интернетот ископа стари документи што и Коко Шанел лично ја ставаат зовриена вода.

Имено, документи на француската тајна служба, откриваат дека Коко Шанел не била само наци-симпатизер, туку агент на нацистичката разузнавачка служба. Нејзиното тајно име било „Вестминстер“, како референца на нејзиниот поранешен љубовник, Војводата од Вестминстер, кој бил отворено антисемитист, дури и едно од кучињата си го нарекол Jew. Мадам Шанел веќе била позната по сериозниот антисемитизам долго пред почетокот на војната. Во 1933, Јозеф Гебeлс пратил таен аташе, Баронот Ханс Гунтер фон Динклиџ во германската амбасада во Париз. Кога фон Динклиџ и Шанел станале љубовници, се преселиле во парискиот Риц хотел каде што живееле за време на целата окупација на Франција. Шанел била единствен француски државјанин со дозвола да остане во Риц, каде што повремено седеле и Гебелс и Геринг.

Во 1941, соработката станува помрачна кога го оспорила сопствеништвото на нејзиниот бизнис. Поточно, во 1924, сакала да си го развие бизнисот, но ѝ фалеле пари, па во пресрет ѝ излегло богатото еврејско семејство Вертхајмер - го финансирале и основале Parfums Chanel во нејзино име. На 5 мај, 1941, Шанел пишува писмо до врвните нацистички институции за да заговара преземање на сите права на компанијата. Користејќи ги своите „ариевски права“ за да стекне предност на нацистичкото преземање на секаков еврејски имот, напишала

Parfums Chanel е сѐ уште во сопственост на Евреи… Сопствениците го имаат правно напуштено. Имам неспорно право на приоритет. Профитот што го имам заработено од моите креации од основањето на бизнисот е… непропорционален.“

Ѝ го игнорирале барањето, но подоцна ѝ доделиле воен профит еднаков на денешни 25 милиони долари годишно. Со тоа, станува најбогатата жена во светот во тој момент, но продолжува за Пјер Вертхајмер да зборува како за „бандитот што ме заеба“.

Тања Хоскинс, авторката на „Сошиено: Антикапиталистичка книга за мода“ смета дека не смееме да ја одвојуваме жената од дизајнот:

„Јасно е дека радикално-десните идеологии на Шанел влијаат на дизајнот. Се залага за минимализам и беспрекорност, што е многу белечко-европски.“

Ова е малку глупа аналогија, но не значи дека ќе ѝ простат на Габриел „Коко“ Шанел. Кога се пуштиле овие детали во јавност, брендот ги отфрлил со коментар „ќе си остане мистерија“, барем тогаш - денес се поотворени за признавање на ова гледиште, истовремено дистанцирајќи го денешниот бренд од него.

Шанел не е единствениот бренд со мрачно минато, па дури и сегашност, но се истакнува како круцијален пример бидејќи „ги венчава“ една од најглорифицираните модни икони на сите времиња и една од најужасните идеологии на сите времиња.


Види и: Коко Шанел и флертот со нацистите

6 мај 2021 - 13:51