Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
Писателот Марк Билингем советува гневно да се катапултира низ соба книга која по 20 страници не успева да го задржи вниманието. Но изненадувачки 40% од луѓето всушност продолжуваат да читаат, оти не сакаат работите да им бидат недовршени.
Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
Проект од такви размери како архивата на Google Books повлекува потенцијални грешки од различен тип. Една од нив е - додека читате книга на Гугл да ви се појави раката на оној кој ја скенирал книгата, со навлечен розов „кондом“ на прстите. Луѓе од целиот свет сега ги регистрираат овие грешки, кои се една фина пукнатина во навидум совршениот дигитален систем.
Како што наближува крајот на годината, така почнуваат да се појавуваат списоци на „нај" книги за 2013. Но најзначајната можеби никој нема да ја спомене. Зошто? Затоа што таа не е книга туку - видео игра.
„Работа во тек" (А Work in Progress) е ново издание во три тома на славниот готвач од најдобриот ресторан во светот НОМА. Нешто како ордевер, главно јадење и десерт, ама од зборови.
МекДоналдс - оној што го нема во Скопје - одлучи да стане издавачки гигант. Во следните два месеца играчките во пакетите за деца ќе ги замени со книги. Иронија: тие ќе бидат со нутриционистички педагошки пораки.
Има книги кои без оглед на содржината, се убави. Мат пластифицираната корица некако лизга под дланка, хартијата е благо рељефна и ги дразни јаготките на прстите, мириса на печатарска боја, на складишта во предградијата и на оние кои ја читале пред тебе. Ама има книги кои се намерно правени да бидат сетилни.
Помеѓу активното присуство на колење свињи во Чешка, преку јадењето животински ануси во околината на Виена, до труења од сомнителна храна во некоја од африканските земји, Бордејн очигледно има време и да чита. Ова се неговите 10 омилени книги.
Пред некој ден слушнавме дека се планира реконструкција на железничката станица во Скопје. Еве предлог што да се направи во културно-уметничкиот домен, од некоја стара композиција. И онака повеќето се такви.
На денот кога во нашиот градски парк ќе се одвива „Види музика, слушни слика, добиј книга" и во Белград ќе почне интересна акција за промовирање на читањето на јавни места.
По скандалот со собирањето податоци од страна на Националната агенција за безбедност на САД, продажбата на Орвеловата „1984" пораснала за неверојатни 10,000%. Кои се други примери на книги кои доживеале неочекувана популарност заради некаква вест во медиумите?
Има разни типови читатели на книги, и претходно сме пишувале за некои од нив, на пример за оние „сериски моногамните" кои истовремено читаат неколку книги. Но има еден особен тип, читатели „до пола".
Неколку пати сме објавувале вести за отварање на неформални библиотечни пунктови низ градови во светот, пропагирајќи нешто слично да се случи и кај нас, па макар и на ниво на експеримент. Едни читателки најавија, и се надеваме ќе истраат во намерата. Не дека им вршиме притисок (чувај боже), ама еве уште еден пример, од Њујорк.
После куп вакви списоци на „знаци кои...“, конечно дочекавме и таков кој се однесува на книги. Но не се секирајте, дури и да не задоволувате голем број од овие услови, тоа не значи дека не ги сакате книгите. „Навлеченост“ конечно и не е најздравиот однос. Ни кон книги, ни кон луѓе.
Одбележувајќи го денешниот датум, ги анкетиравме нашите политичари и јавни личности кои се нивните омилени книги. Голем дел од нив не можеа да се сетат на ниту еден наслов, или пак велеа дека „сите им се омилени“. Но останатите изненадија, не само со доброто познавање на книжевноста, туку и со својата искреност.
Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.