Шампионското тениско трио во бројки

Како и да ја вртиме, сите тројца се шампиони и творци на едно од најголемите спортски ривалства. Никогаш повеќе нема да биде ист тенисот кога ќе се пензионираат, а се ближи тоа време.

Титулата број 6 на на Вимблдон на Новак беше повеќе од јасно дека денеска ќе им отвори работа на луѓето кои се занимаваат со бројки во тенисот.

Нема тука многу статистика, туку само основни и најважни информации за тоа колку тежат во трофеи овие три светски имиња.

Прво и основно се израмнија по бројот кој претставува престиж, а тоа се Гренд слем титулите. Вкупно 60 се нивни или по 20 за секој.

По број на Мастерс 1000 Новак и Рафа се израмнети и му бегаат на Роџер, но тој е убедливо на првата позиција според вкупен број на титули.

Човекот кој во моментов е број 1 во светот ги држи рекордите по број на недели и по број на години на врвот.

Во резимето за ова лудо и незаборавно трио останува уште да констатираме дека на Ѓоковиќ најмногу му лежи Австралија опен, Федерер гази на Вимблдон, а Надал е крал на Ролан гарос.

Плус знаат и да се почитуваат.

12 јули 2021 - 15:19