Најдобриот пар во современиот тенис

Сестра сестра не рани, тешко кој ја нема

Иако ретко кога играат заедно во двојки, сестрите Венус и Серена Вилијамс се најдобриот дубл од стартот на Опен ерата.

Минатата недела на Вимблдон, кариерите на Серена и Венус Вилијамс добија уште едно големо признание. Помладата, Серена го освои својот 22-ри Гренд Слем и го израмни рекордот на Штефи Граф.
 
На Вимблдон, сестрите Вилијамс ја освоија и 14-та заедничка титула во дубл на Гренд Слемовите. Венус го играше своето прво полуфинале после шест години, но тоа не привлече многу внимание.
 
Меѓу активните тенисерки, сестрите Вилијамс се најуспешната двојка во историјата. Освоија 14 титули на Гренд Слем во 14 одиграни финалиња. Вкупно во дубл имаат освоено 22 титули и само еднаш загубиле во финале.
 
По бројот на победи во двојки на Гренд Слемовите, тие го делат третото место во историјата со Наташа Зверева и ЏиЏи Фернандес. Пред нив со 20 освоени Гренд Слем титули во дубл се Мартина Навратилова/Пем Шрајвер и Маргерот Озборн ДуПонт/Луиз Броу Клеп (Американките своите Гренд Слемови ги освојувале во ’40-’50 години пред почетокот на Опен Ерата).
 
Поедничено, сестрите Вилијамс го делат 11-то место на листата напознатите двојки, а половината од тенисерките пред нив играле пред почетокот на Опен Ерата, во смисла кога тенисот бил потполно поинаков спорт. Важно е да се напомене и дека Мартина Хингис е поинфериорна од сестрите, затоа што освоила „само" 12 Гренд Слема.

Покрај тоа, сестрите Вилијамс се еден од петте парови кои ги освоиле сите Гренд Слемови и секој Слем го освоиле најмалку по два пати. Тоа им пошло од рака само на две тенисерки во историјата - Маргарет Корт и Мартина Навратилова.
 
Од друга страна, сестрите Вилијамс се единствениот пар во историјата кои на календарскиот Гренд Слем имаат и злато од Олимпијада. Единствени се и по тоа што во еден момент во дубл ги поседувале сите Гренд Слемови и Олимпијада (2008-2010). Никогаш не изгубиле на Олимпијада меч во двојки и во моментов имаат учинок од 15 победи.
 
Покрај Олимпијадата, Американките уште го сакаат Вимблдон. Пред една недела Серена и Венус таму ја освоија шестата титула во дубл и по количество на победи на тој Слем се само зад Мартина Навратилова која има 7, Били Џин Кинг која има 10 и Елизабет Рајн која играла во првата половина на XX век.
 
Кога е во прашање ефикасноста на сестрите Вилијамс во дубл, Венус има победнички процент од 85,5%, а Серена има 86,5% каде што е малку подобра од сингл каде во потполност доминира во последните неколку години со дури 85,51% победи. Истовремено, необично е што сестрите играа многу малку заедно а максимални девет турнири заедно одиграле пред 18 години во 1998. година кога првпат играле под едно име (презиме).
 

2009-та година беше најплодна за нив кога заедно одиграа шест турнири, освоија четири од кои три беа Гренд Слем. Во 2010. година освоија три од четири турнири на кои заедно настапија (два Слема). 

Зошто тогаш двократниот успех на сестрите Вилијамс на Вимблдон привлече толку мало внимание? Затоа што турнирите во двојки се далеку помалку популарни од сингл натпреварите. Можеби и поради фактот што заедно играа ретко, па со тоа и нивните успеси изгледаат спорадични а не во серија.