Во прво коло плукаше накај публика, па на сред прес конференција јадеше суши. На страна неговите редовни испади, умее да направи шоу и со јаки, ама и со необични тениски удари. Вимблдон собрал доста добар материјал.
Во финалето на младинскиот Алијанс Лига Куп во Англија за играчи до 18 години, играа Ротерам и Вимблдон. Мечот го реши голманот на Вимблдон Метју Кокс во 89' со луд гол од своето поле.
Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.
Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.
Годинава поради тоа што најстариот турнир на светот се одложи поради глобалната пандемија, повеќе од 2 милиони јагоди биле проблем за складирање, па организаторите дел ги донирале, а од дел правеле џем кој ќе се продава кога Вимблдон ќе се игра со публика.
Три дена, 11 часа и 5 минути со крајни напори топчето го удираа Американецот Џон Инзер и Французинот Николас Мау. Ни самите ден-денес не знаат како издржале.
Шпанскиот ас полни 34 години, а луѓето од најелитниот тениски турнир во светот му посветија видео со неговите најјаки поени од форхенд во трк. Погледнете ја оваа негова моќ. Неодбранливо.
Во 2003 година по првиот освоен Грен Слем на Вимблдон, Роџер Федерер имал 21 година и уште не одлучил дали да игра на помали турнири. Кога се решил, добил необичен подарок од домаќините.
Мајка му на Ник Кирјос неодамна постирала фотографија од син ѝ на мали години и напишала: „Тој не јадеше погрешна храна, само јадеше премногу добра храна. И поради тоа што беше буцко, го маваше топчето силно и прецизно, секогаш во аголот од теренот за да не мора да трча назад“.
Помалку од една недела останува до почетокот на Вимблдон - најстариот и најпрестижниот турнир на планетата. А денес, овој крал на Гренд слемите е еден од ретките турнири кои се игра на трева.
Ги преброди сите проблеми и четирите операции на рачните зглобови и одново е стариот добар Делпо, човекот кој ќе се бори со Рафаел Надал за големото финале на Ролан Гарос.
Во време кога Афро-американците не смееле да одат на јавни места, им било забранувано да посетуваат кина, театри, ресторани, еден млад човек решил преку талентот за тенис да се избори со расната нетрпеливост.
На 26. март 2000 година, пред точно 18 години Вест Хем играше против Вимблдон. Марк-Вивиен Фое го пронајде Тревор Синклер, овој ја прими и упати убав центаршут до Паоло Ди Канио. А Италијанецот?
Еден од најголемите спортисти на сите времиња е човек којшто многу емотивно ги доживува сите победи и порази, што е сосема нормално. Во кариерата плачеше од среќа, но и од тага.
Како ретко кога, наместо класичните проблеми со редовниот дожд, организаторите на најпознатиот тениски турнир на светот сега мака мачат со рој мушички кои им сметаат на играчите и гледачите.
Американецот Џек Сок во првото коло на Вимблдон го победи Чилеанецот Кристијан Гарин со 3:1 во сетови, но не замина задоволен затоа што на крајот од мечот се случи глупава ситуација.
21-годишниот Данил Медведев го совлада актуелниот шампион на УС Опен и финалист на последниот Ролан Гарос, Стен Вавринка (6:4, 3:6, 6:4, 6:1) и првпат влезе во второ коло од Гренд Слем.
Јастребот Руфус, традицијата на јагоди со шлаг, тревата строго шишана на 8 милиметри и фамозниот 'Middle Sunday': Кои се најнеобични анегдоти на најпрестижниот турнир на светот?
Кога го видел 3-годишниот внук Рафа дека од сите играчки најмногу го сака рекетот, братот на татко му на Надал, Тони одлучил целосно да се посвети на воспитувањето и тениските тренинзи на малиот кој стана непобедлив светски шампион и освои сè.
Британецот никогаш не бил поблиску до првото место на ранг листата за најдобри светски тенисери. Иако ретко се среќаваше со играчите од Топ5 и Топ10 на ранг листата, Мареј игра во животна форма и ја стопи разликата со Новак Ѓоковиќ. Ќе стане ли број еден?