Норвежанецот Вархолм брз како ветар - поставен нов светски рекорд

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм го урна личниот светски рекорд во тешката дисциплина 400 метри со препони на Олимписките Игри во Токио и тоа со чудесно време кое тешко некој скоро да го истрча.

Стручните коментатори сметаа дека атлетичарите во оваа дисциплина тешко во долгедно време ќе можат да го прецртаат досега најдоброто време под 46 секунди, но утрово Вархолм во Токио трчаше „побрзо од ветрот“.

Олимпискиот првак кој се закити зо златниот медал (прво олимписки злато за него) ја истрча дистанцата од 400 метри со пречки за 45.49 и постави нов светски рекорд (за седум десетинки подобро време од досегашниот негов рекорд кој го постигна на 1. јули во Осло - 46.70). Претходно светскиот рекорд цели 29 години го држеше Американецот Кевин Ханг кој истрчал 46.78 на Олимпијадата 1992 во Барселона.

Среброто му припадна на Рај Бенџамин од САД кој истрча исто подобро време од претходниот светски рекорд на Вархолм, а бронзата ја освои Алисон дос Сантош. И двајцата поставија нови рекорди на нивните континенти.

25-годишниот Карстен Вархолм одамна доминира на оваа дистанца. Има две злата на светски првенства (2017, 2019), европски шампион е од 2018-та, а освои и прво место во вкупниот поредок во Дијамантската лига 2019.

На својата втора Олимпијада во кариерата, Вархолм пристигна како тотален фаворит. Во Токио тој ја креваше формата од трка во трка: 48,65 во квалификации, 47,30 во полуфинале и на крај 45,94 во финале!

„Искрено ова е еден од најневеројатните светски рекорди и јас сум сигурен дека нема да доживеам подобро време. Овој резултат е во рангот на оние 100 метри на Јусеин Болт“, вели Колин Џексон, некогашен светски првак во дисциплината 110 метри со пречки.

А неверојатниот Норвежанец Карстен Вархолм изјави:

„Ова е лудо! Без сомнеж најважен момент во мојот живот. Сонував за ова како манијак. Не можев да спијам, поминав часови и часови мислејќи на ова. Сите зборуваат за олимписко злато. Знаев дека оваа трка ќе биде најтешка во мојот живот. Но бев спремен.Долго време ме прашуваа дали постои совршена трка, а јас мислев дека не постои такво нешто. Но ова сега е нешто најблиску до тоа“.