ОИ Рио 2016

Најголемите ѕвезди кои ќе ја пропуштат Олимпијадата во август

За помалку од еден месец започнува најважната спортска манифестација на глобално ниво, ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро. Таму за жал нема да видиме некои од мега-ѕвездите во разни спортови.

Марија Шарапова, Русија
тенис

Достигнувања: више-шампионка на Олимписки игри, петкратен освојувач на Гренд Слем турнирите.

Пред четири години во Лондон, Маша Шарапова стана првата жена-знаменосец на церемонијата на отворањето на Игрите која без поголеми проблеми стигна до финалето на Олимпискиот тениски турнир. Да ја запре можеше само Серене Вилијамс, а Шарапова ја планираше одмаздата во Рио.

Но сонот за олимписко финале во Бразил нема да го доживее затоа што во март годинава Шарапова призна дека земала забранет милдронат. Меѓународната тениска федерација (ITF) соопшти дека ја суспендира Русинката на две години. Жалбата на одлуката Марија ја прати во Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Судот се огласи дека ќе го разгледа случајот до 19. септември што значи дека Олимписките Игри во Рио во моментов се затворени за Шарапова.

Коби Брајант, САД
кошарка

Достигнувања: Двократен Олимписки шампион (Пекинг 2008 и Лондон 2012), петкратен НБА првак со ЛА Лејкерс.

Бекот на Лејкерс реши да ја заврши кариерата на почетокот на годинава. Не беше исклучено тој да биде повикан во Олимписката репрезентација, го наговараа, но безуспешно.

„Мислам дека убаво би било последниот меч да го завршам во дресот на Лејкерс. Имам две олимписки злата. Мислам дека во Рио треба да одат младите играчи. Тие го заслужуваат тоа. Јас ќе ги бодрам. Ако им треба совет, ќе дојдам и ќе поразговараме", изјави Брајант.

Леброн Џејмс, САД
кошарка

Достигнувања: Двократен Олимписки шампион (Пекинг 2008 и Лондон 2012), трикратен НБА првак (два пати со Мајами и еднаш со Кливленд Кавалирс).

Планот на Џејмс за летово се менувал неколку пати. Првин кажа дека задолжително ќе игра во Рио, потоа изјави дека ќе оди на Олимпијадата само ако на паркетот се појави неговиот идол од детството Коби Брајант. А кога дознал дека Брајант не оди во Рио, Џејмс кажа дека после напорната и тешка сезона во НБА каде неговиот Кливленд првпат стана шампион во големото финале против Голден Стејт, сакал да се одмори.

Стеф Кари, САД
кошарка

Достигнувања: двократен светски шампион (Турција 2010 и Шпанија 2014), НБА првак со Голден Стејт. За Кари, Игрите во Рио можеа да бидат први во кариерата и речиси извесно прв златен медал од Олимпијада во кариерата. Тоа би било и тоа како добра утеха по загубеното финале во НБА.

Но Стеф Кари одличи да се воздржи од патување во Бразил. Причини за тоа има неколку. Првата е повредата на коленото и скочниот зглоб коиг и заработи во текот на плејофот. Втората е вирусот Зика. Наводно Кари одлучил да не го ризикува сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Примерот на Кари во селекцијата на САД за Рио го следеше и Гордон Хејворд од Јута Џез. Тој наскоро по вторпат ќе стане татко и кај него стравот од вирусот во Бразил бил поизразен.

Златан Ибрахимовиќ, Шведска
фудбал

Достигнувања: Освојувач на суперкупот на Европа, двократен првак на Холандија, шесткратен шампион на Италија, првак на Шпанија и четирикратен шампион на Франција.

Во Олимпискиот фудбалски турнир селекциите во своите состави имаат право да викнат и тројца фудбалери постари од 23 години. Сите останати мора да се помлади.

Во репрезентацијата на Шведска меѓу тие тројца бил планиран и Златан Ибрахимовиќ. Тој на почеток бил во составот кој го објавил главниот тренер на олимписката репрезентацијата Хакан Ериксон во средината на јуни. Но после Европското првенство во Франција, Златан ја заврши кариерата во репрезентацијата и ја претпочита Премиер лигата пред Олимпијадата.

Лионел Меси, Аргентина

Аргентина има големи проблеми со фудбалската олимписка репрезентација. Најпрвин Лионел Меси после поразот во финалето на Копа Америка од Чиле реши повеќе да не игра за репрезентацијата, а потоа Аргентинската фудбалска федерација соопшти дека има финансиски проблеми да ја прати селекцијата во Рио. Меси притоа има олимписко злато, со Аргентина го освои во Пекинг 2008. година.

Рори Мекилрој, Велика Британија
голф

Достигнувања: победник на четири турнири во категоријата Мејџор (како Гренд Слем во тенисот).

Рори Мекилрој во голф е тоа што е Кристијано Роналдо во фудбал. Него подобро го знаат на Запад каде голферите ги знаат по лик. Во мај 2013. година го поставија на третото место во рејтингот за најпривлечни спортисти за маркетинг. Пред него беа само Меси и Нејмер. А во 2014. година Рори заработил неверојатно 24, 3 милиони долари и станал најплатениот спортист на светот таа година.

Во Рио сметаа на него. Голфот со голем труд се врати во Олимписката програма после сто години и неопходно е ѕвездите да го поддржат, но еден од најдобрите голфери во светот се исплаши од Зика вирусот.

„Најголем дел од времето ќе го минуваме на трева, а таму ќе има многу комарци. Не сакам да ризикувам", изјави Мекилрој и разочара многу фанови ширум светот.

Џејсон Деј, Австралија
голф

Достигнувања: повеќекратен победник на турнирите во категорија Мејџор.

Лидер во генералниот пласман никогаш не криел дека главна цел во кариерата му е Олимписко злато. Но кога дознал за вирусот Зика, се предомислил. За својата одлука голферот од Австралија на својот Твитер напиша: „Не сакам да го ризикувам здравјето на жена ми и идното дете".

Деј читал дека Зика вирусот кај трудниците предизвикува различни абнормалности во развојот на фетусот. Најсериозен од нив е микроцефалијата - значително смалување на обемот на черепот кој води до деменција и проблеми со видот и слухот на новороденчето.

По Мекилрој и Дем од учество на Игрите се откажал и Американецот Дастин Џонсон, Австралиецот Марк Леишман, Виџ Синх од Фиџи и Јужноафриканката Ли-Ен Пејс. Според познатиот американски голфер Џек Никлаус, отсуството на ѕвездите во овој спорт од Рио ќе направи потешко да го задржат овој спорт на ОИ.

Екатерина Гамова, Русија
одбојка

Достигнувања: двократен сребрен медал од Олимписките игри (Сиднеј 2000 и Атина 2004), двократна светска шампионка (Јапонија 2006 и Јапонија 2010). Иако славната Гамова зборуваше дека ќе се бори за место во олимписката репрезентација, на крајот од минатиот месец неочекувано објави дека ја завршува кариерата.

Викторија Комова, Русија
гимнастика

Достигнувања: две сребра од Олимписките Игри во Лондон, двократна светска шампионска (Токио 2011 и Глазгов 2015).

Еден од лидерите на репрезентацијата на Русија во гимнастика, Олимпијадата ќе ја гледа во Германија. Таму Викторија Комова отиде на лечење на повредите со кои се мачи веќе три години. Влошување на состојбата имало непосредно пред Европското првенство коа се одржа во јуни во Берн (Швајцарија). Комова беше принудена да го пропушти а неколку дена подоцна изјави дека прекинува со тренинзи и се посветува на здравјето.