Таг: коби брајант

Коби Брајант е вечен

На свечена церемонија пред Крипто арената, Лејкерси ја открија една од трите планирани статуи во чест на легендата Коби Брајант. Излезе и емотивно видео со наратив на Шек.

Лејкерси ја открија статуата на Коби Брајант инспирирана од легендарната партија со 81 поен

Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс на кој шоуто го украде Лука Дончиќ со асистенцијата на сезоната, имаше емотивна увертира. Откриена е статуата на Коби, една од трите планирани.

Спомените за Коби Брајант се живи во Лос Анџелес

Постојат 630 мурали за легендата, 455 во САД и уште 177 во 45 други земји. За неговата загуба се уште се жали.

Како се разбираа Гасол и Коби?

Во друштво на сопругата, децата, родителите, како и Ванеса Брајант, Пау Гасол имаше многу емотивна вечер во „Крипто.ком“ арената, организирана во чест на повлекувањето на неговиот дрес со број 16. Со Коби функционираа фантастично и заедно освоија два прстени. Имаа хемија на терен, потврдена од страна на Брајант во соблекувална.

Како реагирал Коби Брајант на Ријана во публика?

Шампионот на Лејкерски, за жал покоен од пред две и пол години, кога излегувал на паркетот се појавувал само со нови шампионски апетити и точка. Каква Ријана, каков Џек Николсон.

Врвно видео со Коби од пикот на кариерата

Задоволството трае за жал 58 секунди, а правено е со атрактивни потези на Брајант под кош од настапи за САД во 2007-ма година. Многу доминантен.

Јуначките слободни фрлања на Коби со скината тетива

На 12 април НБА лигата памети едно ретко видена храброст и пожртвуваност која не ја прави друг спортист. Се случи пред 8 години на мечот меѓу Лејкерси и Голден Стејт.

Последните 2 минути од Ол Старот 2001-ва

Презадоволни и вие и ние што гледавме легендарна снимка со легендарни играчи од легендарниот Ол Стар 1998, одиме со уште едно слично парче, со тоа што тука го имаме само финишот кој верувајте дека е многу јак.

Патиките кои Коби му ги дал на младиот Леброн Џејмс на времето одат на аукција

Пар патики кои трагично загинатата суперѕвезда Брајант во 2002-ра му ги дал на тогаш младиот талент од едно средно школо во Охајо, се очекува да достигнат огромна цена на аукција.

5 прстени во 5 минути

Светот одбележува една година од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант. Човекот кој ја одбележа НБА лигата на стартот на новиот милениум со 5 титули за 10 години. Уживајте во овие историски мигови со него од 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.

Незаборавната ноќ кога Коби ја искина мрежата 81 пат

Помина една година откако еден од најдобрите и наславни кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа и создаде колективна тага. Да се потсетиме на неговата најблескава партија која ќе остане во аналите на НБА лигата.

На улиците на Лос Анџелес ечеше „Коби, Коби“

Предводени од неверојатниот тандем Дејвис - Џејмс, ЛА Лејкерс ја освоија првата титула после цели 10 години, а вкупно 17-та во историјата на франшизата. Се израмнија по број на титули со Бостон Селтикс благодарение пред сè на Леброн кој одигра лудачко финале.

Кога Коби ќе загубеше топка во напад

Да, добро гледате, стигна и го залепи.

Хемијата меѓу Коби Брајант и Пол Гасол

Шампионските титули на Коби не завршија во ерата кога го имаше Шек. Со него стигна до три, а потоа со Пау Гасол врза уште две во 2009-та и 2010-та. Се читаа со поглед на паркетот, а во ова видео ќе видите и како Брајант му делел совети на Шпанецот во соблекувална.

Снуп Дог со рецитација за Коби

За време на ESPY Award на која се доделуваат признанија за индивидуални и тимски достигнувања во спортот, а која од познати причини овојпат одеше преку видео-конференција, Снуп Дог ја презентираше песната што со Вили Нелсон ја снимиле во чест на Коби Брајант.

33.643 ружи во Стејплс центар за секој поен на Коби

Комеморацијата се одржа синоќа на 24.2.20 затоа што така сакаше Ванеса која ја објасни симболиката на датумот. Меѓу говорниците беше и таа, како и Џордан и Шек. Настанот го водеше Џими Кимел. Настап имаа Бијонсе и Кристина Агилера.

Првиот Ол стар во кариерата на Коби Брајант

Ова е легендарен настан по многу основи. Тешко е да се фокусираме само на Коби, бидејќи кога ќе видите кој се играше таа година, ќе ве пукне силна носталгија. Едно што се појави како дебитант со јаки потези, друго што доби задача да се чува со Џордан и трето што имаме снимка со коментар на Љубомир Николовски.

Коби Брајант во срцата и на Фемили Аеродром

Навивачите на МЗТ Скопје се познати по многуте графити кои ги изработуваат, особено на свој терен во населба Аеродром. Овој пат изненадија и со едно прекрасно ремек дело во чест на трагично загинатата мега ѕвезда. Му посветија графит на Коби со сите нишани. Браво за потегот.

Наградата за МВП на Ол Стар е преименувана во Коби Брајант

Ол стар викендот во Чикаго е во знак на сеќавање на Коби Брајант во чија чест НБА лигата направи неколку измени во форматот. Тимовите ќе носат броеви 24 и 2 на своите дресови, а четвртата четвртина ќе се игра без мерач на време.

Кога го прашаа Коби да бира меѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер

Секој одговор му е на многу високо ниво, образложува до ситни детали како изгледа кога еден врвен спортист доаѓа до момент кога умот сака ама не и телото. Водителката го прашува кого би одбрал од Рафа, Новак и Роџер, а Коби вика: „Новак е мојот тип“.

Стејплс центар во знакот на броевите 8 и 24

Лос Анџелес Лејкерс ноќеска го одигра првиот натпревар по загинувањето на Коби Брајант, но поразот од Портланд е тотално небитен податок. Салата во која 20 години царуваше тој, никогаш претходно не изгледала вака. Емотивен говор на Леброн.

Шек растура, а публиката скандира за дебитантот Коби

Лос Анџелес Лејкерс vs Денвер, 1996-та. Во видеото ќе се потсетиме како незадржливиот О`нил како доминира под кош и витка обрачи. Јакото следува при крај кога публиката почнува да скандира по 18 годишниот Коби Брајант, инаку трејдуван со Дивац кој тогаш замина во Шарлот Хорнетс.

Хиените почнаа да профитираат со предметите од Коби

По трагичната смрт на Брајант, побарувачката за предмети од колекционерите, поврзани лично со него, станува огромна а цените растат.

Ембиид играше со бројот 24 и даде 24 коша

Влијанието на Коби врз многу генерации се гледа на глобално ниво. Од неговата игра и став учеа многу млади кошаркари ширум светот.