Кога го прашаа Коби да бира меѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер

Секој одговор му е на многу високо ниво, образложува до ситни детали како изгледа кога еден врвен спортист доаѓа до момент кога умот сака ама не и телото. Водителката го прашува кого би одбрал од Рафа, Новак и Роџер, а Коби вика: „Новак е мојот тип“.

Коби и Новак важеа за блиски пријатели. Новак големиот триумф на Австралија Опен 2020 го посвети на трагично загинатиот Брајант чии иницијали и броеви од дресот Ѓоковиќ ги носеше на себе во полуфинале и финале.

4 февруари 2020 - 09:28