Квјат сруши рекорд на Фетел

Русинот Данил Квјат стана најмладиот возач во историјата на Формула 1 со освоени поени на трка.

Младиот возач од екипата на Торо Росо имаше одлично деби во Формула 1. Тој успеа да се запише во историјата уште на својата прва трка.

На воведната трка во новата сезона, Големата награда на Австралија, Даниел Квјат го освои десеттото место со заостанување од 1:03.585 минути зад победникот Розберг и освои еден поен.

По трката на Даниел Рикиардо му беше одземено второто место заради надминување на максималниот протек на гориво за време на трката, па Квјат официјално го освои деветтото место во Мелбурн.

Со 19 години, 10 месеци и 18 денови тој стана најмлад возач во историјата на Формула 1 кој освои поени на една трка. Тој му го сруши рекордот на Себастијан Фетел кој беше за 25 денови постар кога го освои осмото место на трката во САД во 2007-та година.

17 март 2014 - 14:07