Јуначиштето во Пекинг кој после тешка болест освои златен медал

Зимските олимписки игри ни носат прекраска спортска приказна, која може да биде голема мотивација и стимул повеќе за секој кој предвредеме ќе рече „не можам“.

На сите олимпијци кои кубурат со некаков проблем, било да е недоволно кондиција или самодоверба, пример треба да им биде Макс Парот, Канаѓанецот кој успеа да го победи ракот и да стигне до најголемото спортско одличје.

Тој се врати на олимписката сцена не само колку да учествува, туку освои златен медал во сноуборд откако ги мина најтешките мигови во животот.

Парот беше еден од најдобрите во светот во слоуп стил и освојуваше повеќе медали на X Games, но додека се подготвуваше за нова сезона, се соочуваше со третмани со хемотерапија.

Во декември 2018-та му бил дијагностициран Хочкинов лимфом, а дијагнозата ја добил на само 24 годишна возраст додека градел кариера за која сонувал откако почнал да се занимава со овој спорт на 9 години.

Тоа се случило всушност една година после освојувањето на олимпиското сребро во Пјончанг. Макс тогаш среде хемотераписки третмани објави фотографија со медалот и напиша:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maxence Parrot (@maxparrot)

„Да живеам повеќе од ова повторно за 3 години е дефинитивно мотивација за мене, мислејќи на предизвикот Пекинг 2022 на кој блесна со злато и изјави:

„Немав повеќе мускули, немав повеќе енегрија, немав повеќе кардио. Скоро сакав да се откажам понекогаш, бидејќи ми беше многу тешко да стигнам до следното утро, а три години подоцна сега стојам тука со освоено злато. Луда работа“.

Парот победи на натпреварот во слоуп стил победувајќи го Кинезот Су Јиминг кој заврши втор и неговиот колега, Канаѓанецот Марк Мекморисон кој ја освои третата позиција.

Макс Парот изведе тројна плута на секој од трите скокови, правејќи ротација од 1.620 степени при првиот и третиот скок.

Тој е посебно горд за овој успех после 12-те исцрпувачки третмани кои му ја одзеле енергијата. На 13 јуни 2019-та напиша:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maxence Parrot (@maxparrot)

„Вчера беше еден од најтешките денови во мојот живот, ми требаше сета моја енергија и решителност да одам за последниот третман во болница. Сè што сакав да направам е да се откажам. Но сепак отидов. Ви благодарим што ме поддржувавте во последните 12 третмани. Навистина ми помогна“.

Макс потоа можел да се качи на даската, но немал издржливост. Хемотерапијата му ја трошела енергијата и оддалечен од теретана и тренинзи, мускулите му биле ослабени.

Но упорен, се туркал себе си напред, вежбал редовно со тегови за да може да тренира и да направи кам бек. По два месеци секојдневна работа освоил злато на X Games во Норвешка.

„Го сфаќав животот здраво за готово, но не повеќе. Секој пат кога ќе ги врзам стапалата на сноубордот, го ценам животот многу повеќе од порано. Го ценам тоа што што сум способен да ја правам мојата страст секој ден“.

„Во изминатите четири години многу работи се случија. Се појави ракот, па го победив ракот, потоа Ковид, па потешкотии за тренирање, патување и сл. Потешко е од порано“, изјави Парот.

Тој има уште една шанса за злато на ЗОИ, а тоа е натпреварувањето во голем воздушен скок, каде важи за фаворит. 11 од неговите 14 освоени медали ги има освоено во оваа дисциплина.

7 февруари 2022 - 11:28