Таг: ои пекинг 2022

Така ти е, кога играш со иле на Олимпијада

Фан Кесин од Кина е скарана со фер плејот, бидејќи на трка во лизгање направи неспортски потег кој и се удри од глава. На снимката се гледа како на противничка од Канада ѝ фрла предмет под нозе. Од него се сопнува и Канаѓанката, ама и самата Кесин.

Какво недозволено средство користело девојчето што и пркосеше на гравитацијата?

Најголемата сензација на Зимските олимписки игри во Пекинг, спектакуларната руска лизгачка Камила Валиева падна на допинг тест на 15 годишна возраст.

Најпотценетиот спорт кој повеќето од вас не го гледаат на Олимпијада

Не мора да се јачате и да го демантирате насловот, бидејќи нема да ви веруваме дека за време на Зимските Олимписки игри едвај чекате да почне карлинг. Пет века е стар, ама џабе кога нема драж. Италијанците синоќа направија историски подвиг, а во Канада го играат број на луѓе колку што Македонија има жители.

Ставре Јада 86-ти на првата трка во Пекинг

Македонскиот нордиски скијач имаше симболичен настап на денешниот спринт на 1,5 километри на Зимските Олимписки игри.

Јуначиштето во Пекинг кој после тешка болест освои златен медал

Зимските олимписки игри ни носат прекраска спортска приказна, која може да биде голема мотивација и стимул повеќе за секој кој предвредеме ќе рече „не можам“.

Ши би сакал Путин да не му почнува војна за време на Олимпијадата

Отворањето на Зимските олимписки игри е на 4 февруари, односно следниот петок. Овој петок пак е крајниот рок до кој САД се обврзаа дека ќе и ги испратат на Русија безбедносните гаранции што ги договараа во Женева.

Глејте си снегот, баталете човекови права

Спортистите што ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе треба да извагаат што им е полесно: да поќутат дур се во Кина или да најдат кој да ги вади од кинески затвор.

Кина нема да покани ни еден американски политичар на Олимпијадата

Откако излезе извештај дека Бајден ја разгледува можноста на дипломатски бојкот на Олимпијадата, кинеските медиуми излегоа со информација дека земјата не планира да кани американски политичари на Зимската Олимпијада.

Каде сè влегоа Кинезите во спортот

Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.

Пекинг испишува нова историја на Олимпијадите

Главниот град на Кина е избран за домаќин на Зимските олимписки игри 2022 година и со тоа ќе стане прв град каде ќе се одржат и Летна и Зимска Олимпијада.