Ставре Јада 86-ти на првата трка во Пекинг

Македонскиот нордиски скијач имаше симболичен настап на денешниот спринт на 1,5 километри на Зимските Олимписки игри.

Крушевчанецот ја мина крос кантри трката со време од 3 минути, 29 секунди и 13 стотинки, а тоа е за 44 секунди побавно од најбрзиот, Французинот Лукас Шанава.

Со овој резултат македонскиот претставник во Пекинг го освои 86. место од вкупно 88 кои учествуваа, а инаку 90 беа пријавени, но двајца се откажаа.

Двајцата кои завршија зад Ставре Јада се Ели Тавк од Либан и Андрес Кинтана од Колумбија.

Инаку пласман во вториот круг обезбедија најдобрите 30, недостижно за нашиот.

Втор на трката заврши Устјугов од Русија со време од 2:46.51, а трет Калебо од Норвешка со време од 2:46.74 минути.

Од тројцата македонски претставници, Ставре беше прв кој настапи во Пекинг. Второт предизвик му е на 50 км слободно, трка закажана на 19 февруари.

8 февруари 2022 - 11:38