Детето кое го доби шампионскиот рекет од Новак полуде од радост

Лудачкиот пресврт на Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос, посебно ќе го памети едно дете од трибините кое се однесувало како тренер спрема српскиот ас, кој објасни зошто се одлучил да му го подари токму на него.

Новак Ѓоковиќ одигра ултра тежок меч во финалето против 12 години помладиот Циципас кој го доби со 3:2 по негатива од 0:2.

Место да го чува како спомен за освоениот втор Роланд Гарос и Гренд слем број 19 во кариерата, тој реши рекетот да му го подари на едно дете од трибина.

Лично не го познава, но се воодушевил од неговото однесување за време на мечот и објасни зошто се решил на таков потег.

„Не го познавам момчето. Тој беше со мене цел натпревар, особено кога губев 2:0 во сетови. Ме охрабруваше. Тој всушност ми кажуваше тактики. Тој беше како, `Држете го вашиот сервис, добијте лесна прва топка, а потоа диктирајте, одете на неговиот бекхенд. Тој ме тренираше буквално.

„Тоа беше многу симпатично и убаво. Затоа, по завршувањето на мечот, сакав да му го дадам ракетот на најдобриот човек кој беше тој. Тоа беше еден вид моја благодарност што тој се држеше до мене и ме поддржуваше “.

Рекордите на Новак 

14 јуни 2021 - 10:29