Вардар се крена и убедливо го прегази Мотор

И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.

Без Криштопанс и Павел Атман, едни од најдобрите играчи во екипата, кој пред неколку дена го напуштија црвено-црниот брод, одговорноста ја презеде Сташ Кубе кој одигра историски натпревар.

Предводени од новиот тренер Стевче Алушовски, Вардарци освоија исклучително важни бодови и сега се 5-ти во групата Б со 11 бода.

Во салата „Јане Сандански“, Вардар го отвори мечот со страшна серија од 4-0. Носени од громогласната публика, ракометарите одиграа гранитна одбрана и уште поефикасен напад.

После 10 минути игра Вардар во своја корист имаше предност од 5 гола разлика (8-3) а истите +5 стоеа на семафорот и по 18 поминати минути.

Потоа следеше мал пад во играта кога Мотор се врати на 11-10 но искусниот Алушовски викна тајм-аут за да ги смири своите избраници.

На паузата Вардар отиде со огромни 16-11, предност која ќе ја прифатеа со две раце пред мечот.

Во втриот дел Марко Кизиќ, младата надеж на македонскиот ракомет бранеше одлично и беше меѓу позаслужните што Вардар отиде на недостижни 24-15.

На крајот 38-28 за тимот кој долги месеци игра и тренира без заслужената надомест.

Со овој триумф Вардар има 11 бода, 1 повеќе од Порто на кого му гостува на 22 февруари. Вардарци се веќе во осминафиналето само е важно од која позиција ќе тргнат таму. Многу голема помош на тој пат имаа по триумот на Монпеље над Мешков Брест.

Најефикасен и најдобар играч на мечот беше Скубе со осум гола од осум обиди. Чупиќ даде шест, Горбок пет, а Кизиќ запиша 9 интервенции.

Фото: Екипа.мк

15 февруари 2020 - 20:38