Триумф на Вардар во ЛШ по пауза од четири месеци

Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.

Вардар конечно ја прекина лошата ноза во Лига на шампиони и стигна до триумф над Елверум со 32:35, само втор сезонава во елитното натпреварување.

Избраниците на Стефче Алушевски прокоцкаа предност од три гола на мечот против норвешкиот состав и освои само бод, но денеска беше обратно. 

Вардарци во финишот направија фантастична серија од 0:4, клучна за победата, Елверум брзаше да се спаси од пораз, но направи грешка за која стигна казната во последните секунди.

Најпрецизен на мечот беше Тимур Дибиров со 9 гола, Гоце Георгиевски постигна 6 од кои два во самиот финиш, кога се одлучуваше победникот. Кизиќ и Кантегрел имаа по 5 интервенции.

Во групата А, Вардар сега ја избегна последната позиција и има шест бода, еден повеќе од Елверум.

На 4 март Вардарци го пречекуваат Мешков Брест.

24 февруари 2021 - 20:58