Ќе фалат Мојсо и Жути

Википедија вели 120 настапи и 301 гол за Миркуловски, 108 настапи и 163 голови за Мојсоски. Филип го поти дресот од 2003-та, а Наумче од 1998-ма. И двајцата беа едни од главните алки во играта на македонската репрезентација во оваа низа на учества на Европските и Светски натпреварувања од каде ни носеа големи радости, особено на ЕП 2012 во Србија каде станаа петта најдобра селекција во Европа. Им благодариме за трудот, одличните игри и резултатите за кои вечерва во Борис Трајковски сигурно ќе добијат огромен аплауз. И да, однесете ја повторно Македонија на Светско.