Таг: филип миркуловски

Филип Миркуловски, единица мерка за македонскиот ракомет во иднина

Кога некои нови клинци ќе ве потсетуваат на него, да знаете дека се на вистинскиот пат. Тој е олицетворение за самоувереност и пожртвуваност и вистински модел на играч кој може да служи за пример, како се гине за својата земја.

Овации и песна од Тоше во чест на славниот Миркуловски за крај на една прекрасна кариера

2022-ра е година на збогувања со големи македонски ракометни имиња кои ќе ни останат во срце. По Кире Лазаров, последниот ракометен танц го одигра и популарниот Жути.

Аплаузи, овации и урамен дрес за Жути

По две децении ровање на светски и европски првенства, популарниот Филип Миркуловски кој срцето го остави за Македонија, вечерва ја бие последната репрезентативна битка во кариерата. Цела сала стана да му аплаудира. Благодариме мајсторе.

Срцето на Миркуловски кој втор пат прави кам бек за Македонија

На толку јадење ќотек и за клуб и за репрезентација, Филип Миркуловски на повикот на Кире, одговори од Германија со „Доаѓам“. А 37 години има, возраст на која ретко кој би се вратил и би одиграл толку јако и со душа. Па добро се троши ли овој човек?

Жути уште се пробива како шило

Лино Червар во една прилика рече: Филип Миркуловски става глава, каде што други не би ставиле нога. И ете го на 36 години уште игра храбро и ги има оние карактеристични продори во Бундеслигата во дресот на Вецлар.

Судискиот превид - фаулот над Миркуловски за исклучување

По секоја логика фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Зошто е добро што Жути се враќа во репрезентација

Лино Червар го објави поширокиот список за престојното Светско ракометно првенство во Франција кое се игра од 11 до 29-ти јануари и кога оп изненадување. Кам бек прави Филип Миркуловски кој се повлече од репрезентација на дуелот против Чешка на 15 јуни, кога и го заверивме пласманот. 

Ќе фалат Мојсо и Жути

Википедија вели 120 настапи и 301 гол за Миркуловски, 108 настапи и 163 голови за Мојсоски. Филип го поти дресот од 2003-та, а Наумче од 1998-ма. И двајцата беа едни од главните алки во играта на македонската репрезентација во оваа низа на учества на Европските и Светски натпреварувања од каде ни носеа големи радости, особено на ЕП 2012 во Србија каде станаа петта најдобра селекција во Европа. Им благодариме за трудот, одличните игри и резултатите за кои вечерва во Борис Трајковски сигурно ќе добијат огромен аплауз. И да, однесете ја повторно Македонија на Светско.

За пласман на Светско ќе бркаме 7 гола во Скопје

Неверојатниот чешки голман Мартин Галија имаше 18 одбрани и беше најзаслужен за тоа што Чешка попладнево ја победи Македонија 28:22, во баражот за Мундијалот во Франција догодина.

Против Галските петли за крај на незгодната традиција

Македонските ракометари четири пати од осамостојувањето играа на Европските првенства. Вечерва од 18:00 го почнуваме третото по ред, во Полска, каде отвораме против најмоќната ракометна сила на планетава.

Ракометарите секогаш по потешкиот пат

Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.

Лазаров најефикасен во првите три кола

Македонските ракометари на првите три средби постигнаа 91 а примија 78 голови. Дејан Манасков втор стрелец во нашата репрезентација со 13 погодоци, 9 помалку од капитенот Лазаров.

Мојсовски со еврогол на крајот за триумф на Металург

Со голот на Наумче Мојсоски на 2 секунди пред крајот, актуелниот македонски првак Металург успеа да стигне до првата победа 29:28 сезонава во Лигата на шампионите. Никола Митрески одличен на голот со 10 одбрани и најдобра партија годинава за Мојсовски и Вугринец.

Металург избегна дебакл во Ла Риоха

По турбулентната недела, „металурзите" се држеа само 40 минути во Шпанија и против Ла Риоха го загубија и петтиот натпревар сезонава во ЛШ (31:27). Во следното коло, Шпанците гостуваат во Скопје.

Миркуловски: Нема да му додавам повеќе на Стоилов

Откако пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, во ТВ емисија рече дека не може да го поднесе, бекот на Металург, Филип Миркуловски преку Офф.нет му порача на својот колега од репрезентацијата дека во иднина помалку ќе му додава кога ќе играат за Македонија.