Таг: наумче мојсоски

Наумче не го оставија да си оди дома

Дека ракометот ни е број 1 спорт доказ плус е страста на фановите кои синоќа половина час ги држеа нашите ракометарите за сликање. Најмногу останаа Наумче, Борко и Гоце, а најголема гужва се направи околу Мојско кој заедно со Миркуловски се простија од репрезентативниот дрес.

Ќе фалат Мојсо и Жути

Википедија вели 120 настапи и 301 гол за Миркуловски, 108 настапи и 163 голови за Мојсоски. Филип го поти дресот од 2003-та, а Наумче од 1998-ма. И двајцата беа едни од главните алки во играта на македонската репрезентација во оваа низа на учества на Европските и Светски натпреварувања од каде ни носеа големи радости, особено на ЕП 2012 во Србија каде станаа петта најдобра селекција во Европа. Им благодариме за трудот, одличните игри и резултатите за кои вечерва во Борис Трајковски сигурно ќе добијат огромен аплауз. И да, однесете ја повторно Македонија на Светско.

Храбар настап на Македонија, недоволен за историски подвиг

Инспиративен почеток на ЕП во Полска за нашите ракометари кои и покрај поразот од 7 голови против Франција, покажаа дека се во добра форма и дека ќе се борат со Полска и Србија за пласман во следната рунда. Лазаров најефикасен, Борко солиден на голот.

Најдобрата аситенција во изведба на Мојсоски и Стоилов

Светската ракометна федерација направи топ 10 листа на најатрактивни потези од групната фаза на Мундијалот. Најдобрата асистенција е дело на Мојсо и Столе, кои направија чиста гол шанса за Манасков, а најдобрата контра е онаа на Тимур Дибиров.

Триколорите не’ отрезнија пред Светското во Катар

Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.

Македонија поуспешна од Израел пред СП во Катар

Во СЦ Јaне Сaндaнски, на последниот натпревар пред домашната публика пред заминувањето на Мундијалот во Катар, македонската ракометна репрезентација го победи Израел 39:37. Гоце Георгиевски најефикасен со 7 погодоци.

Мојсовски со еврогол на крајот за триумф на Металург

Со голот на Наумче Мојсоски на 2 секунди пред крајот, актуелниот македонски првак Металург успеа да стигне до првата победа 29:28 сезонава во Лигата на шампионите. Никола Митрески одличен на голот со 10 одбрани и најдобра партија годинава за Мојсовски и Вугринец.

Металург избегна дебакл во Ла Риоха

По турбулентната недела, „металурзите" се држеа само 40 минути во Шпанија и против Ла Риоха го загубија и петтиот натпревар сезонава во ЛШ (31:27). Во следното коло, Шпанците гостуваат во Скопје.

Што ќе прават странците на Металург?

Барем привремено крајниот исход од драмењето во Металург е - странците си заминуваат незадоволни, македонските ракометари ќе играат против Ла Риоха во ЛШ, ама со ултиматум за Лино.

Мојсoски: Тие со две раце и ние со две раце

„Ако падневме со Вардар, една македонска екипа ќе се пласираше во фајнлфор, а тоа ќе беше голема придобивка за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Кил после Барселона е главен фаворит за титулата, но ние мора да одиграме добро за да ги направиме шансите 50-50“, изјави за офф.нет средниот бек на Металург.

Проблемите мора да се решат, па и со смена на генерации

Отсуството на лидерот на Металург се покажа како голем хендикеп за Македонија која заврши на 10 место на ЕП во Данска. Неговата рехабилитација се одвива во Хрватска од каде за офф.нет разочарано ги коментираше турбуленциите во нашиот национален тим.