Ѓер шампион, ЖРК Вардар трет во Европа

Првиот фајнлфор во ракометната Лига на шампионки мина во знакот на унгарскиот претставник кој со триумф над Будуќност од 27:21 ја одбрани титулата во најеминентното клупско европско натпреварување. Македонскиот шампион со бронзен медал го оствари најголемиот успех во својата историја.

Ракометарките на Ѓер кој играа условно кажано на домашен терен, важеа за фаворити на Ф4 во Будимпешта. Освен воведните 8 минути во кои имаше само скромни три гола на мечот, Унгарките беа подобар противник во текот на целиот меч.

Доминацијата ја демонстрираа уште во првиот дел во кој обезбедија ветувачка предност од 15:10. Црногорките се бореа во вториот дел, но немаа сили да намалат под три гола негатива. Ѓер во поголемиот дел од натпреварот беше во предност која се движење во интервал од 4-5 голови и на крајот стигна до шампионскиот пехар втор во низа.

Овој фајнлфор кој за прв пат се одржува во женска конкуренција во ЛШ, ќе остане доста значаен и за македонскиот ракометен шампион кој по пауза од 12 години, кога европскиот пехар отиде во рацете на Кометал Ѓорче, го направи најголемиот успех за македонскиот женски ракомет.

По вчерашниот тесен пораз во полуфиналето од Будуќност, изрбаничките на Индира Кастратовиќ покажаа дека имаат квалитет и цврст карактер кој им донесе сребро во Будимпешта. Вардарки одиграа одлични 60 минути против тимот на Митјиланд и во еден доста ефикасен натпревар на крајот се радуваа со победа од 34:31.

Најефикасни во нашиот тим беа Радичевиќ и Николиќ со по 6 гола, Лекиќ постигна 5, а Хмирова 4. Ина Суслина натпреварот го заврши со 12 успешни интервенции. 

4 мај 2014 - 18:55