Драмата меѓу Полска и Русија која заврши со нерегуларен гол од 15 метри

Селекциите на Полска и Русија приредија финиш каков што немаше до сега на ова Европско првенство. На 3 секунди до крај Пољаците постигнаа гол за победа. Русите тргнаа од центар и успеаа да израмнат, ама со помош на судијките.

Пољаците имаа навидум последен напад за триумф кој одлично го организираа и го завршија со погодок.

На семафорот стоеше 29:28 и време од само 3 секунди за Русија, која тргна од центар и со помош на голчиштето на Сергеј Косоротов успеа да го израмни резултатот.

Но Пољаците испратиле официјален протест до ЕХФ, сосема оправдано, бидејќи на видеото се гледа дека Косоротов прави четири чекори или еден повеќе според правилата.

Судии на овој натпревар беа сестрите Шарлот и Жули Бонавентура од Франција кои очигледно ја утнаа математиката. 

„Лекција по математика, бројте ги чекорите“, напиша Ракометна федерација на Полска и објави видео од движењето на рускиот ракометар. 

24 јануари 2022 - 15:19