Таг: еп 2022 ракомет

Херојската одбрана на Паличка вредна финале за Шведска

Мотивинарата Шведска го скроти шесткратниот светски првак Франција и заслужено обезбеди финале на ЕП. Еден од главните протагонисти им беше голманот Андреас Паличка кој блесна со 12 одбрани и 3 постигнати гола. И тоа беше изолиран неколку дена после позитивен тест.

10 годишниот челинџ на репрезентативец на Исланд

И покрај сите проблеми и препреки, во Унгарија и Словачка гледаме убав и атрактивен ракомет. Има јаки изненадувања, а и по некоја фина приказна меѓу младите момци кои им пркосат на старите волци на оваа игра.

Топ 5 голови од втората фаза на ЕП 2022

Има што да се види на ова Европско првенство, ама ептен. Мајсторииве се толку јаки, што како и да ги наредиле во топ листата, немале да погрешат. Изборот е феноменален, а ова е компилација која се гледа повеќе од еднаш.

Стеинс им ја сокри топката на Хрватите и постигна гол за реми

И покрај тоа што беше натпревар само за престиж и подобар пласман, Хрватска и Холандија одиграа возбудлив и неизвесен натпревар на ЕП. Хрватите ја имаа победата во раце, ама тоа задоволство им го скрати итриот Лук Стеинс ги извади од патики Хрватите и постигна мајсторски гол за конечни 28:28. Хрватска завршува како осма на ова Европско, а Холандија 10-та.

Скандинавската драма во која Шведска ја исфрли Норвешка со серија од 5:0 во финишот

Една од мега битките кои не беа за пропуштање на овој шампион е дефинитивно скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка. Во ракометот и да си фаворит со комонта предност на крајот, можеш да добиеш неочекуван шамар. Што ти е менталитет.

Драмата меѓу Полска и Русија која заврши со нерегуларен гол од 15 метри

Селекциите на Полска и Русија приредија финиш каков што немаше до сега на ова Европско првенство. На 3 секунди до крај Пољаците постигнаа гол за победа. Русите тргнаа од центар и успеаа да израмнат, ама со помош на судијките.

Јунакот на Холандија кој блесна со 15 интервенции е здравствен работник кој дизајнира импланти за черепи

После сите проблеми кои ги имаат со коронавирусот и не можеа да најдат кој да брани против Црна Гора, Холанѓаните успеаа да стигна до голема победа. Сторијата за голманот им е уникатна. Од работа го станаа.

Црногорците го закочија сообраќајот, се слави победата над Хрватска

Важеа за аутсајдери, а стигнаа до втората групна фаза и моментално се со фантастичен скор од три победи и еден пораз од Данска. Големата победа над фаворитот Хрватска се славеше во снежна идила со знамиња, песни, колони од возила, свирежи, бакљи...Во транс се Црногорците. 

Спектакуларната акција на Црна Гора со двоен цепелин

Селекцијата на Црна Гора е најголемата сензација во досегашниот дел од Европското првенство. Ние ги пишавме предвреме бодовите против нив, а тие го потепаа цел Балкан. Прво Македонија, па Словенија и сега најново во втората групна фаза и Хрватска и тоа со 6 гола разлика. Им летаа пред гол.

Марко Митев - големата надеж на македонскиот ракомет

Го нема на Википедија, ама брзо ќе дојде. Па самото дете е брзо, а се надеваме дека и брзо ќе се развива. Слабо и фотки, ама ископавме нешто од Фејсбук, како се слика со своите идоли, а и една од школо. Што трчање и труд даде против Данците. Браво.

Македонските навивачи се за медал

Дебрецин треба да е среќен што се истурија стотици македонски навивачи, инаку атмосферата ќе им беше театар. Македонија ги загуби сите три натпревари, ама ги има најдобрите навивачи. Грла оставија синоќа и не ги пуштија ракометарите да одат во соблекувална. Секоја чест дечки за поддршката. Треба да учат другите.

Мизерен потег на црногорски ракометар, ги плукна македонските навивачи

Марко Ласица од таборот на црногорската репрезентација се избрука јавно за сите пари со срамен гест кој не паметиме дека сме виделе до сега да го направи некој друг спортист. Имаше видео на кое се објаснуваа црногорските ракометари со македонските навивачи, а сега стана многу појасно зошто нашиве беа толку револтирани. Дојде и ги плукна, како најголем сељак.

Фантастичните паради на Митревски кои немаше кој да ги награди

Од авион, синоќа право во хотел на вечера со ракометарите, а денеска на натпревар. Колку само вреди овој човек, кој на 36 години брани во животна форма и за Порто во Лига на шампиони и за Македонија. Најсветлата точка во нашиот табор на мечот против Црна Гора. ЕХФ ќе ви покаже зошто.

Ракометарите на Црна Гора се рчнаа со македонските навивачи

По поразот на Македонија од Црна Гора, дел од играчите се доближија до трибината каде беа сместени нашите навивачи, па следуваа мали турканици и објаснувања кои за среќа не преминаа во поголем инцидент.

Втор пораз на Македонија, овој пат со анемична игра

Македонската ракометна репрезентација го бележи вториот пораз на ЕП 2022. И покрај тоа што мислевме дека сме поквалитетни, нашите ракометарите не ја докажаа фаворитската улога, а тоа Црна Гора сурово го казни на чело со одличниот Симиќ кој нè отпиша со фантастични 12 интервенции.

И фалангата држи ниво

И покрај сите ограничувања како на пример 50% од капацитетот на салата, вакцини, скапи тестови, ладно време и 900 до 1.000 км пат, зависи кој од каде трга, сепак македонските навивачи се во добра бројка во Унгарија.

Очајни вести од Дебрецин, Кире Лазаров го пропушта цело Европско

По информацијата за петмина позитивни од Ковид, од кои во меѓувреме еден доби негативен вест, пристигнуваат тазе лоши вести пред првиот меч на ЕП.

Како Македонија ја билда атмосферата пред мечот со Словенија

Ситно броиме до стартот на првиот меч на македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022. Играме во арената Феникс во Дебрецин со почеток од 18 часот. Кире и другарите се мотивираат јако, со патриотски песни додека прават склекови. Напред момци.

Голем пех за Македонија, Митревски е меѓу петмината позитивни

РФМ го објави списокот на ракометари кои денеска патуваат за Дебрецин. Голманската позиција станува голем проблем за селекторот Кире Лазаров.

Што ќе значат за Македонија позитивните од Ковид кај Израел?

Вториот контролен натпревар меѓу Македонија и Израел е откажан, поради тројца позитивни случаи на Ковид 19 во редовите на Израелците. Кире Лазаров сега стравува од следните тестирања на 7 и 10 јануари, поради физичкиот контакт на македонските ракометари кои го имаа на понеделничкиот дуел со нив.

ЕХФ: Ќе ги однесе ли Кире Лазаров Македонците до слава како тренер – играч?

Европската куќа на ракометот ја анализираше македонската ракометна репрезентација и постави три прашања. Едно од нив се однесува на младите и нивниот потенцијал. Велат внимавајте особено на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески.

Македонија домаќин на ЕП 2022 во ракомет?

Нашата земја е сè поблизу да го добие домаќинството на Европското во ракомет за жени заедно со Црна Гора и Словенија. Од ЕХФ стигна потврда.