10 годишниот челинџ на репрезентативец на Исланд

И покрај сите проблеми и препреки, во Унгарија и Словачка гледаме убав и атрактивен ракомет. Има јаки изненадувања, а и по некоја фина приказна меѓу младите момци кои им пркосат на старите волци на оваа игра.

Ветеранот Никола Карабатиќ, кој тежи 10 златни медали има илјадници фанови, а меѓу нив е и десниот бек на Исланд, Теитур Орн Ејнарсон кој е член на Фленсбург.

Мајката на Ејнарсон објави две интересни слики од нив двајца. На првата нејзиниот син се слика, а на втората ја чува француската ракометна легенда.

Ете тоа е спортот. Инаку Ејнарсон има 23 години и е 14 години помлад од европскиот, светски и олимписки првак кој го чуваше фантастично на нивното соочување.

Тој не само што имаше можност игра против него, туку и да го победи и покрај големите проблеми во таборот на Исланд, кој успеа да ја добие Франција со еден куп отсутни поради Ковид.

Се работи за второто коло од втората групна фаза во кое десеткуваниот Исланд ја совлада Франција со 29:21 меч, кој го судеа Николов и Начевски.

Инаку Исланд ја торпедираше вчера Црна Гора со 10 разлика и чекаше Данска да ја совлада Франција за да влезе во полуфинале и да се бори за медал. Но Данците потклекнаа на крај и покрај тоа што водеа цел натпревар.

Најголемиот успех на Исланѓаните е бронзениот медал на ЕП 2010.

27 јануари 2022 - 16:35