Жени во Иран се маскираат во мажи за да одат на фудбал

Ај што се приморани да се маскираат за рамноправно да гледаат фудбал, туку две помлади жени биле дури и уапсени во градот Ишфахан (централен Иран) во петокот на 27 април и ќе сносат одговорност според иранскиот закон.

Тие се приведени поради обид да влезат на стадионот Нагш-е Џахан за да го бодрат својот омилен тим. Истиот ден три млади жени биле идентификувани од редарските служби и уапсени од полицијата на стадионот „Азади“ во Техеран, соопшти државната новинска агенција на Иран.

Но пет други девојки кои успеале во намерата да се протнат на трибините облечени како мажи и да гледаат фудбал, постирале слики од нивниот „подвиг“ на социјалните мрежи.

Во последното коло од иранското првенство, тимот Персеполис со 3:0 го совладал Сепидруд и станал шампион на Иран. Девојките кои влегле на стадионот биле маскирани во мажи и така ја испратиле церемонијата на доделување шампионски трофеј.

За разлика од другите арапски земји каде е забрането присуство на жени на спортски манифестации, Иранките пружаат отпор на оваа дискриминирачка одлука и одбиваат да го почитуваат правилото.

Полициските структури соопштија дека годинава спречиле 35 жени во намерата да влезат на стадион. Забраната за жените да можат да одат на стадион во Иран датира од Иранската револуција во 1979 година.

29 април 2018 - 14:03