Врвна кореографија во Белград на мечот Звезда - ПСЖ

Навивачите на Црвена звезда можат да бидат задоволни од годинешното учество на нивниот клуб во елитната Лига на шампиони. Против гигантите Ливерпул, ПСЖ и Наполи освоија 4 бода, го совладаа европскиот вицешампион и играа храбро. За последниот меч против фаворитот за освојување на трофејот Делиите направија спектакуларна кореографија.

На северната трибина беше составена кореографија од шеик, камила и пустина со пропратна порака: Looking for something? (Да не барате нешто?) како алузија на богатите арапски сопственици од Катар кои трагаат по трофејот од Лига на шампиони кој Црвена звезда го има освоено во 1991.

Во еден момент од мечот навивачите на Црвена звезда извадија и парола на француски јазик на која пишуваше: „Франција во која се колневме, веќе не постои“.

12 декември 2018 - 00:10