Во колекцијата на ирските навивачи има место и за македонското знаме

На своето трето учество на Европските првенства, Ирците вчера го славеа историскиот пласман во нокаут фазата откако со 1:0 ја совладаа Италија. На трибината освен своите обележја истакнуваа и туѓи кои ги собирале кога одат на гостувања.

Со селекцијата на Република Ирска досега имаме шест соочувања во три квалификациски циклуси и само една победа, а последното нивно гостување во Скопје се случи на 4 јуни 2011-та кога го игравме првиот меч на целосно изградената арена Филип Втори.

Ирска славеше со 0:2 на тој квалификациски меч за ЕП 2012 и веројатно тогаш се снабдиле со нашето знаме кое се најде на трибините на Европското првенство. Забавната страна на овие момци кои се хит во Франција ја покажаа и во Скопје и на седенките во кафулињата и на стадион.

Ова се само дел од видеата кои ги имаат закачено на Јутјуб од нивното гостување во Скопје пред 5 години.

Со шалчиња и знамиња на Македонија

Учествуваа во брановите

Снимаа за време на интонирањето на нашата химна

Прославата на победата

Пред ГТЦ ја пееа истата песна која ја им и ја пееја на француската полиција

Дуелите меѓу Македонија и Ирска

23 јуни 2016 - 16:36