Таг: ирски навивачи

Која е најубавата кореографија во Лигата на шампионите

Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.

Ирските навивачи и Јирген Клоп во метро

Пред мечот Австрија - Ирска (0:1), во едно метро во Виена, ирските навивачи среќаваат човек кој многу личи на Јирген Клоп и тука почнува шоуто.

Во колекцијата на ирските навивачи има место и за македонското знаме

На своето трето учество на Европските првенства, Ирците вчера го славеа историскиот пласман во нокаут фазата откако со 1:0 ја совладаа Италија. На трибината освен своите обележја истакнуваа и туѓи кои ги собирале кога одат на гостувања.

Ирските навивачи и француската полиција, неповторливо

Ако треба да се направи топ листа на најдобри видеа со ирските навивачи на Европското во Франција, дефитивно ова е број 1. До толку станаа хит, што во нивниот филм влезе и еден полицаец.

Швеѓаните и Ирците држат лекции по навивање во Франција

Англичаните и Русите не се интересни веќе со тепањево. Додека нивното насилство од Марсеј го пренесуваат во Лил, ќе ви покажеме како навивачите на Шведска и Ирска го доживуваат фудбалскиот празник во Франција. И тоа заедно, со здружени сили. Алал да им е.

Ново шоу на Ирците, сега со Французин на балкон

Ирските навивачи се најблизу до приматот најдобри, највесели и најведри навивачи. Не само на Европското првенство, туку и општо. По циркузот со случајниот минувач, сега се навртеа околу една зграда во Париз.