Се сретнаа најголемиот навивач на Баерн и Лотар Матеус

Уве Биндел е еден од тие навивачи на кои им е поважен фудбалот од годишнината со жена му која наместо на одмор, за 20 години од брак ја однел во Баварија да гледаат финале во Лига на шампиони. Ќе го стегнеше срце кога по 32 години се сретна со идолот.

Уве е од источен Берлин, а за Баерн Минхен навива уште од времето на комунистичкиот режим кога било тешко да се поддржува клуб од Западна Германија.

Има соба каде чува се живо што собрал од Баерн, а прв пат на стадион го гледал својот омилен клуб кога имал 16 години или поточно во 1979-та.

Во 1983 година во Унгарија му ги бакнал копачките на неговиот идол Лотар Матеус и од тогаш не се виделе.

Мастеркард како спонзор на ЛШ му прави врхунско изненадување во соработка со фудбалерот со најмногу настапи во историјата во германскиот гигант.

15 јуни 2015 - 15:54