Навивачката која поседува годишна карта 82 години

За оваа бабичка пензионерски живот не значи дека треба само дома да дреме во фотеља, да гледа серии и да плете. Таа оди на стадион, го бодри Вест Хем, ама го бодри од 1934 година.

Кога ја прашаа Мабел Арнолд што сака за нејзината прослава од 100 години, таа одговори:

„Повеќе би сакала Вест Хем да освои три бода, отколку телеграма од Кралицата“.

100 годишната Арнолд е една од најстарите навивачки на Вест Хем, а веројатно и една од најстарите во светот, а тоа што ја прави посебна е што има годишна карта во последните 82 сезони.

Јубилејниот роденден таа го прослави се знае каде, на стадионот Болеин Граунд каде оди од 18 години. За роденденот клубот и подари дрес со бројот 100, а со нејзе со сликаше голманот Адриан кој па заокружи 100 настапи во дресот на Вест Хем.

Мабел е хит меѓу навивачите кои и скандираат: Ние ја имаме Мабел Арнолд, а вие не го разбирате тоа. Твитер акунтот @WestHam_Central кој пишуваше за нејзиниот роденден има над 22.000 следбеници.

Пред две години клубот ја прошета во подтрибинскиот дел на стадионот.

Чичо не може со нејзе

6 април 2016 - 10:15