Таг: навивачка

Мажи, фудбал и пиво - тешка фарса

Не се вознемирувајте од насловот, тоа секако стои. Погледнете го овој ас на УС Опен. Потоа и брејк му направи. Ц-а-р-и-ц-а.

Ако ја загледаш на слободно фрлање, бунар правиш

Натпреварот меѓу Бразил и САД на светското кошаркарско првенство во Кина донесе кадар типичен за фудбалски Мундијал кој поретко се гледа во сала. Тоа е и потенцијална опасност за деконцентрација на противникот.

Кристијано ѝ подарил дрес на девојката што ја повреди со топка

Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.

Најстраствената навивачка на Ривер Плејт

Нема начин како да се опише ова дразнење за историскиот триумф на Ривер во првото Копа Либертадорес финале против Бока после 126 години ривалство. Оваа три дена со мимики ќе прави муабет.

Ја уапсиле глупачата што ја китеше ќерката со пиротехника

Од големиот број на видеа кои се појавија после хаосот на дербито Ривер - Бока кое на крај се одложи, се издвои една мајка без памет кога си го искористи детето за да шверца пиротехника на стадион. Полицијата ја нашла, ја идентификувала и ја однела во станица. Се соочува со затворска казна.

Навивач на Рома скаран со разумот и осетот

Италијанската јавност е згрозена од едно скроз неочекувано видео кое се појави од вонредното коло во Серија А минатата среда. За време на мечот Рома - Фрозиноне на навивачката трибина на Рома еден од ултрасите на Рома влегол во кавга со навивачка која ја решил со буткање по скали кое можело да биде и кобно. Според информациите на медиумите од чизмата жената до толку настрадала што ќе мора да лежи во болница еден месец. Навивачот е идентификуван и уапсен.

Ќе фали Ивана во нокаут фаза

Селекцијата на Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот, ама за жал таму ќе патува без својот најубав навивачки декор. Поранешната мисица на Хрватска, Ивана Кнол се враќа дома по завршувањето на групната фаза. Останува да се поздравите со неа.

Браво бабе, до 100 години да навиваш вака

Дрес на Јуве, шал на Јуве, знаме на јуве, бела коса, црни кондури, па уште и црно бели чорапи. Години? Накај 80. Три, два, еден, сега. Царица е.

Срцето на Марта чука 101 година за Вердер Бремен

Родена е во 1916-та и е само 17 години помлада од клубот кој и е на прво место во животот. Баба Марта е закон, таа не зборува за пензија или плетење, туку вели: Треба да се вратиме во Европа.

Марк Бартра, ветено - сторено

Фудбалерот на Борусија Дортмунд до толку беше импресиониран од храбрата навивачка која со жолт дрес се измеша во машко друштво меѓу големите ривали од Шалке, што сакаше да ја сретне. Шпанецот доби помош за да ја пронајде, ја покани на тренинг, ја гушна и ѝ подари дрес. Прав џентлмен.

Наполитанци играјте за Паола

Фудбалерите на Наполи вечерва имаа големи мотиви, а тоа е да се обидат да го урнат актуелниот европски првак уште во осминафиналето. Ако успеат да направат таков подвиг, во Неапол ќе ги пречека нивната жешка навивачка Паола Саулино која им ветува разни безобразлуци.

Ливија најмногу ја отвара дресот на Барса

По татко Италијанка, по мајка Јапонка, израсната во Бразил, живее во САД, а навива за Барселона. Toa е накусо инфо за навивачката која има половина милион следбеници на Инстаграм, бројка која сигурно ќе стигне до милион.

Најжешката прослава на титула

Многу навивачки ветуваат стриптиз шоу во случај нивниот омилен тим да освои шампионска титула, ама малку од нив потоа играат вака офанзивно. Клуб Бриж ја освои титулата во Белгија по пауза од 11 години, а оваа навивачка го освои интернетот.

Плачки по голот на Трајковски

Палермо немаше победа 13 кола, а Александар Трајковски при водство од 0:1 на гостувањето во Фрозиноне со одличен слалом во 92 минута ја запечати победата и расплака една навивачка која собра скоро 1.000 лајкови кога се откри.

Навивачката која поседува годишна карта 82 години

За оваа бабичка пензионерски живот не значи дека треба само дома да дреме во фотеља, да гледа серии и да плете. Таа оди на стадион, го бодри Вест Хем, ама го бодри од 1934 година.

Леброн сериозно повреди девојка од прв ред

На мечот Кливленд - Оклахома, Леброн Џејмс тргна по една топка која одеше во аут, но загуби рамнотежа, со сета сила удри во навивачка на Кливленд по име Ели Харви и сериозно ја повреди. Жената не можела да стане сама, поради што дојде лекарска екипа и на носилки ја изнесоа од Арената. Леброн најави дека ќе ја посети редовната навивачка штом малку закрепне од повредата и дека ќе плати колку треба во болницата. Ели и нејзиниот маж, познатиот голфер Џејсон Дан со децата редовно присуствуваат на секој меч на Кавалирс.

Запознајте ја најстарата навивачка на Ридинг

Во сабота на Вембли се игра првото полуфинале од ФА купот на кое се среќаваат екипите на Ридинг и Арсенал, а тимот од Чемпионшип лигата ќе има поддршка од навивачката која го памети првото и единствено полуфинале на нејзиниот омилен клуб кое се играше во 30-те години.

Мајмунката на Барселона нема да стапне на стадион

Само оваа жена навивачка веројатно не ја сфатила пораката со бананата на Дани Алвеш.

Името на Руни е заштитено за Велигден

Страствена навивачка на Манчестер Јунајтед од што е збрлавена по својот омилен клуб, крстила се живо по дома по нејзините најомилени играчи, но кога се обидела да го изненади најмалиот син и ја кажале најглупавата забрана.

Баба хулиган

Група на навивачи на португалскиот тим Брага се обидоа да влезат на теренот за да прослават откако нивниот тим успеа да ја анулира предноста од два гола на Маритимо, а помеѓу нив беше и една интересна ултрас бабичка.

Жено така не се навива на тенис

Општо познато е дека кога се оди на тенис се седи мирно, се прати топчето и најчето се користи аплаузот. Оваа некултурна госпоѓа која следела меч на тукушто завршениот турнир УС опен во Њујорк не е запознаена со правилата, па почна да и фаќа сеир публиката, а работа му се отвори и на обезбедувањето.

Вакви ќе има вечер?

Вечерва фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар во Норвешка, па освен на теренот, нашето внимание ќе биде насочено и кон трибините.