Навивачите на Легија се доктори за кореографија

Кога Легија Варшава игра натпревар на домашен терен во Европа, тогаш се знае дека мечот почнува со спектакл на трибините уште пред судијата да означи почеток.

Ултрасите на Легија обично прават интересни кореографии против УЕФА, но овој пат на мечот против Лестер ја свртеа тематиката и тоа на сосема друг спорт.

„Клекнете пред неговото височество“ гласи пораката на кореографијата која изгледа многу моќно, но и многу штосно, бидејќи во тој момент фудбалерите на Лестер клечат како поддршка за борба против расизмот.

Инаку ликот на кореографијата не е било кој, туку легендарниот полски боксер Анджеј Голота.

Голота го следеше мечот од трибини

1 октомври 2021 - 09:16